Тапкам со мислите во место. Ништо не е како што беше. Се доаѓа, го почувствуваш, и си оди. Потруди се да го задржиш..можеби. Ако не, отиде. За мене тежок период за размислување. Тежок период за распределување чувства. Ниту знам како да ги распоредам. Научив да бидам тежок идиот. Научив да бидам сурова. Научив да омекнам. Но, научив дека по омекнувањето луѓето пак ми го забиваа ножот. Иде мојот ден. Морам да бидам среќна. Сакаа но нема да им дозволам да застанат и да го уништат. Ќе бидам повозрасна за една година. Мислите ќе ми бидат повозрасни. Имам многу планови од овој ден па натаму. Се надевам дека ќе постигнам се. Сега се жалам дека ниту 24часа не ми се доволни за да успеам се да завршам. Време ми е да отворам нов лист и на него да почнам да го распоредувам времето. Можеби ќе успеам да се организирам. И ми недостига таа! Ја сакам назад. Пуста Америко, зошто ги влечеш луѓето кои ги сакам натаму. Па 2год. не сум ја видела. Испади ја од таму!
Порасположено за разлика од изминатите денови. Ништо не добивам од тмурното расположение, од константната нервоза. Само главоболки. Затоа сега си се лечам со домашна ракија, па малку со винце. Мх.
Скршена,изнервирана,гневна,бесна,налутена, збунета, загрижена, се!!!! Извинете ме за негативните емоции што ги искажувам...
Улаво. Да ми кажеше некој дека толку перипетии и стресови ќе доживеам на прагот на февруари, немаше да барам јануари да заврши Но, се среди се’. Полека. Љубовта моја е сила!
Преубаво, прекрасно, пресреќно! Многу убав ден за мене, мојот роденден. Сега слушам песни, си уживам и во мене има измешани чувства на среќа, љубов, радост... важно чувството е преубаво!
без врска скроз и сама не знам кај терам ... а морам да си најдам тема на која ќе изработам прилог за во емисија ... треба да е некоја проблематика за мажи и жени и мора да биди провокативна ако имате идеја ве молам хелп и сменете ми го денешново глупаво чувство
Стандардно во огромна дилема.Исцрпено и измрзанато од чекање на крнтиите од ЈСП да ме однесат дома...Ја сакам зимата, ама тоа не е причина да мрзнам и да се лизгам по снегот...
Се чувствувам одвратно, многу сум тажна, и осамена да не е интернетов незнам сто ке правев. Сега ми е потребен некој покрај мене, само да ме гусне да почувствувам топлина, ништо повеке, добро де и тоа повеќе ако се случи ништо страшно
Збунето збунето збунето!!! Дезориентирано... расеано.. изгубено.. Право прашалниче. И вакво и вакво и вакво и вакво и вакво и вакво ... И какво уште не ... Чудни работи во животов..