Веќе два дена немам излезено од дома, а за тоа треба да му се заблагодарам на временцево Се чувствувам мрзеливо, бескорисно, дебело, депресивно , напнато... некако многу чувства ми се измешани... Лошо...
Убаво, опуштено, смирено, а што е најважно убаво си спиев покрај душичката моја, така да денов ми започна убаво и убавото расположение еве трае и трае...
Ќе се стоплам ли јас некогаш? Како по обичај, прстињава ми се здрвени, а и чајов ми се излади. И пак си се гушкам со грејно тело а.к.а. мај верна љубави Ратко Радијатороски. Денес бев успешна. Може и болна ќе бидам од таа виулица, ама ми е гајле! И имам нотификација на фејсбук, и ме копка, и поради некоја глупава навика што си ја имам не си дозволувам себеси да проверам дур не си напишам што си имам да си кажам тука