Јао, фала на прашање, како балерина се чувствувам. Цело време цупкам на снегов, де по мостови, де по мермери, де по скали, ма шта да вам причам. Еве ми ги и балетанките, и цупкаме со нив, некогаш кога сакаме да преминеме улица и пропаѓаме заедно, нели, дека не се гледа тротоарот. Па го изведувам балетанскиот скок за да избегнам пропаѓање, попрочуен како еленски, и застанувам нежно на прстињата едно метро понатаму. Ако сакам во Веро да влезам, цупкам на вратата што се врти, ќе ја наречам Ѓаволски вртлог, плочки лизгави како лизгалиште, и обезбеџење ставиле да стои таму. Што, ако случајно падне балеринава да ја дигнат, или? Оу, хепи дејс.
Хех... како се чувствувам... Па така како кога ни се јаде сладолед: ммм откако ќе го изедеме - убаво, ама по извесно време почнува да ни се лоши... И така... големи се женските маки, си знаеме ние Дополнителна нервоза ми ствара и нетов што паѓа на секоја секунда, и нормално снегот (мразот) надвор, најголемиот уништувач на планови и филмови и настани и случки
Убаво. Смирено, среќно и насмеано. Иако се борев со снегот, џабе излегов порано од дома и се вратив премрзната, сепак не ми влијаеше на расположение. Има решение за секој проблем. Си сварив супа и одма се стоплив. Си слушав музика цело време, терапија за душа. Негативна енергија околу мене од сите страни ме напаѓаше, ама јас успешно ја избегнував цел ден. Ех, да има повеќе вакви денови. Безгрижни, мирни и нервози-фри..
По тооолку време се чувствувам убаво. Спојлер Да, веќе до кажав тоа и пак ќе го кажам бидејќи кога имам позитивна енергија, сакам да ја споделам со цел свет, а кога не ми е добро, се затворам во себе По утрото денот се познава. Ооо хепи дееееееееееејј!!
Многу поарно од изминатите денови,,,уххххххх......... се исполнив со позитивна енергија благодарение на некои членови на форумов.Поздрав до нив
Љубоморно. Им љубоморам на мачкиве, мене либидото почна да ми паѓа паралелно со температурите...Долго е знам, и не бев јас за вака ама ќе се управам-како и секогаш и општо за се'. Ако не паднеш малку ќе немаш волја за качување, ќе си уживаш во нивото за кое мислиш дека е доволно, во најлош случај врв. Ќе чекаме пролет, или ќе бараме афродизијаци на нет? Чоколадо, вино, мед и ореви-ок, лук, природна пот А тоа што сум на диета?????
I will make it through the day and then the day becomes the night I will make it through the night http://www.youtube.com/watch?v=PN1YpMtPIpE
Се запрашувам зошто постојам, и зошто на толку тежок начин ги добивам работиве, се трудам, неспијам, плачам, учам како луда, работам, а како да стојам во место..незнам веќе што да направам, ни она што е мое не е мое.. ебано боли..
Чисто.....Без дамки на честа,на образот ,на името што го носам. Горда ,на себе ,на своето јас,на зборот кој што кога ќе го дадам -го исполнувам. Независна ,самостојна ,упорна во намерите,во делата -не само за себе ,туку и за тие околу мене. А сепак.... Сепак, чекам да падне снегот ,да излезам надвор сама и да се исплачам без никој да ме види. Не,не се солзи радосници.Само стар спомен од многу одамна,кој жари ,кој навратува кога најмалку ми треба. Спомен за едно предавство,за една златна нишка прекината од непромислено однесување на една драга личност. Нишката ја составивме,ама чворот ....прави многу белези ...во срцево,на душава.... Чворот како тромб плива низ моите емоции.
Смрзнато...цел ден се лапам до радијатори, шпорети, греалки и пак ми студи... Дури и мозокоТ ми фаќа луфта.