Ова беше уште еден досаден и непродуктивен ден. Локација: кревет - вц - кревет + лаптоп. Ништо интересно. Многу филмови изрежирав во мојава глава. Нема грам содржина што би можела да се оствари. Сајнс фикшн. Мислам дека е недела, а уствари е сабота, океј веќе после 12 е недела. Се надевам дека утре ќе направам нешто добро за мене, не за светот.
Наспано, вредно, гладно луѓе!! Пијам чај набрзина, и одам да просмукам! После до Тинекс, овошје да си купам, па после возење орбитрек и учење!
Омалаксано, како да ќе се разболувам. И вратот ме боли од лошо спиење А морам да учам, па сум во процес на канење да седнам над книга. Се прашувам... Ако ја ставам книгата под перница додека спијам, ќе знам се утредента? реторичко е ( у случај на некој да не му текне да ми одговори )
^Се надевам да ти помине. А јас добра сум денес, по толку денови со нервоза, дури рано се разбудив денес, толку лошо ми било, повратив 2 пати. Но подобро сум, фала на прашање. А верувам така ќе бидам до крајот на денов.
прво станав на лева нога се испокарав со ситеее после ми се јави љубовта ме потсети дека ни е годишнина па у мометот како секоја нервоза да одлета,земав после муабетот со него им се извинив на сите и така сеа сум happy до неботооо и назад и така се надевам дека срекава ке ме прати до крајов на денов
Нервозно, ме нервира плиткоста на луѓето, неможноста да го користат сопствениот мозок за размислување, па мора да се приклучат во големото стадо. Ме нервираат оние на кои им смета се, не се ништо повеќе од жални и бедни луѓе. Ме нервираат оние кои ја гледаат страната на посилниот само зашто е посилен, а не ја ни слушаат страната на послабиот - само затоа што е послаб. Колку е испревртен овој свет.
Лелее...Читам нагоре- сите лошо се чувствуваат на овој тмурен ден.. И јас воедно.. Ајде , утре е нов ден и повеќе среќа и енергија ви посакувам на сите