неопишливо, на моменти досадно, на моменти тажно, на моменти исполнето , на момементи депресивно, до денот ке да е
Дебело, а како да не бидам кога специјалитети фрчат низ кујна Од утро па до мрак од вкусни, повкусни јадења....оваа мама решила да не згои зимава Се чудам на луѓево, изненадуваат позитивно и негативно на периоди. Лошо било пребрзо зближување, лоша била и технологијава за комуникација, се си има природен тек како што отсекогаш било, ако го заобиколиш, ако побрзаш, спремај се и последиците да ги трпиш. СЕ треба паметно, разумно и правилно да се употребува и да не се злоупотребува инаку се изместува природниот тек на нештата и се создаваат главоболки и проблеми. (ете тоа си го научив) Сламка ќе видиш и за неа ќе се фатиш, човеков инстинкт за преживување бре! А што да правам, што да чинам кога нема ништо друго на видик. Мирно море, само една сламка која е во најава дека ќе доплива до мене.....слаба и тенка, но во моментов единствена надеж за подобро утре....барем за неколку подобри утра. Си велам еднаш, ќе изнакажам СЕ, сите мисли и чувства, се што знам и сум сфатила за некои ликови....но потоа се замислуваш дали вреди да ја фрлиш така залудно енергијата. Ефектот нема да биде нималку пријатен, а јас сакам да си се поштедам од непријатности, барем кога не се неопходни да не ги поттикнувам. Ги пуштам по ветрот да ги оддува далеку од мене, не ми требаат, ми треба слободен простор за нови и убави чувства и мисли. Уште малку има и до заокружувањето на една целина, бурна, непредвидлива, но сепак впечатлива и таа како и неколку пред неа. А новата кој знае што носи... Ајде што и да е само добро нека е!
Цел ден се осеќав мирно, убаво... Но еве, вечерва ме зафати мрачно, никакво расположение и ме „прогонува“ чувство на осаменост... ):
јас денес се чуствувам многу многу евентуално ... Онака турбулентно ама со мирни летови, и многу некако лудо ама битно убаво ... И незнам бе некако онака се осеЧам мн фино се чуствувам вечерва....
Сум била и подобра, фала на прашање. Се осеќам како некој да ме мавал со мокра чорапа. Па ме мутел, и мутел, и мутел во пауер џусер, и ми ѓи извадиле ѕврцките.
I am sexy and I know it е баш така мора самодоверба луѓе малце ако немате ништо не правите ви посакувам убав ден бидете сите сексииии и згоднии
Супер се чувствувам додека си го пијам кафето.. ама помислата дека ќе треба да излезам ми го расипува денот. :\
Ахх...изморено, исплашено, среќно - се во едно.. Имам една лоша маана, колку и да не сакам кога нешто нема да оди кон насоката за која јас целам- се откажувам...Морам да го сменам тоа кај мене. ПОБРЗО! Се радувам на снегот премногу. Колку е бело, тивко вечерва- дајбоже да заврне пак. И да, повторно ќе ми смрзнат нозете утреден накај факултет и ќе неможам да се стоплам пола ден ама ако- прекрасно е...нека врне уште, и уште и уште Несакам зимава да си оди никогаш, колку и да е ладна- ми го топли срцето
Станав некако ептен расположена,ама како денот се ближи при крајот запаѓам во некое неубаво расположение.Чекам да ми почнат love songs на Антена 5 и да потонам во длабок зимски сон