Среќна сум, убава и свесна за тоа, значи самоуверена, и имам огромна желба за работа.Кој знае што ми е денес...
Jaс денеска се чувствувам ептен сигурно . Научив се што треба за тестот и во име на тоа ќе си ја испеглам косата и ќе си ја ставам новата дуксерка .
Не знам, недефинирано. Можеби нешто измеѓу среќа и мрзливост. Во секој случај, не ми е сеедно што станав порано и што треба да одам на училиште.
Кога ќе те разбуди тој со најнежните зборови, уште од сабајле сум патетично љубовно расположена што дури и на зајчето му станав досадна, но јас се чувствувам како да пловам со вистинскиот брод Денес, денот е мој, сите обврски има да си ги завршам! Почнувајќи од одма сега.
Кога станав си бев среќна и весела, расположена. А сега комотно можам да убијам човек! Пренервозна сум
Денес чувствата ми се испомешани.... во исчекување сум, во неизвесност..ама знам дека ми е потребно трпение.