Убаво... Ме израдува снегот сабајлево, и станав порано за да можам да учам- се надевам ќе стигнам да поминам се денес...
Прекрасно..одамна сум немала ваков убав ден. Сонце, топлина, неколку добри вести...зарем не е доволно.
Ерупција од позитива. Расположено до умерено забегано, со повремени наливи на екстремно весели емоции чиниш бинго сум добила. И сето тоа без некоја особена причина
Позитивно, среќно, некое убаво чувство ме обзема и се надевам ќе потрае периодов Ама и малце сум скептична, затоа што после волкава еуфорија обично кај мене следи период на плачење.. ПМС, ако доаѓаш, please be kind не се сакам биполарна !
Ко низ времеплов низ солзени очи. Тежок ден... глупав да не речам. Суштински почнав да се гадам од некои луѓе. Тоа е добро,за да не им простувам повеќе. Лажливи и неубави. Не знам само како ќе издржам да не кажам лоши вистини кои сигурна сум дека нема да бидат прифатени. Не знам како не се срамат самите пред себе,не мора пред широката јавност да дадат признание и наранат небитници на кои нема да им е важно признанието кое треба да биде простено. Збор да кажеше...збор...да беше човек. Салеп,цимет...сонети,па сонови...ронети. Пижами и голи,ладни стапала. Кундера ако не ме избави од својата слабост,нема кој друг... Арно си зборува човекот. Уште еден стар господин со кој ги сакам романсите во зимските ноќи. Нов пријател,со незаборав на безвременото омилено. Си го рече тоа што требаше во Неподнослива леснотија на постоењето,па ме натера да ѕирнам во белешките. Мудар е, никако суетен,наспроти брдо млади момчиња со неискуство. Си рече : Eпските женкари се оддалечуваат од својата трка од запознавање на конвенционалната женска убавина од која брзо се заситиле и неизбежно завршуваат како собирачи на куриозитети. Го знаат тоа, малку се срамат поради тоа и за да не ги доведуваат во недоумица пријателите, не ги покажуваат јавно своите љубовници. Бесмртност...е така! Јас не сум посед,ами човек,поинаку би било робје. Ми ја деградира личноста кога се доживувам како симбол во нечии очи. Ласкаво дур е кокетно,кога кулминира,веќе е лошо. Различни погледи, си имав се во еден момент...таму не ми е местото,а како ли да кажам? Живот како балкон...може студи,сеедно,рамења голи...црната шубара од мајка ми,шубата од баба ми, фустан до подот,од убаво,бордо кадифе,почнува да снежи,а си гледаш јасна месечина (а?!). Снегулки кои се топат на врели образи,нежно ми ја крева дланката,се поклонува и ја бакнува...Ме гушка околу половината нежно и почнува да танцува со мене,припиен до влажното обравче. Колку ми недостига... Секој ден,како да е на секои сто години... http://www.youtube.com/watch?v=rUuusqy5 ... re=related Имав,немав,многу барам. Спој од магма и вода... минимализам,со женски облини, категорична тврдоглавост, ентропска наклонетост со варијабла која враќа во константа,ох и слатка иронија... Водам борби со насушната потреба на луѓето да бидат и егзибиционисти и воајери,истовремено. Не ги разбирам твитовите кои се мислени цел ден, ниту албумите со посебни пози на фејсбук каде треба да извршат промоција, ниту статусите со неинтелигентна иронија, ама битно е иронија и по инерција мислат дека ги прави паметни, а за воља на вистината не ги сфаќам оние тумблир срања и блогови каде некои луѓе мислат дека нивната фекалија, живот е важна. Ок е дур се држи до пишаниот збор,кој е духовит,интересен,обоен во реалност, прави да се смееш на иронијата ни наша, ама кога веќе има и поставени слики за следот на нивниот ден...јас се чудам. Јас сум чуденка! Воајер сум од сеир, ако значи некому, кога бирам место за седење во некој кафич,ресторан, дискотека,гледам да е она место кое ми го дава на тацна целиот простор,каде можам да забележам, а да не ме забележат. Па после,како сум знаела,ете како сум знаела. Додека вие ги кршите џамовите на вашата личност за да може да види светот колку сте вие паметни, креативни (не дека нема,симнувам капа, ама кога има квантитет,несомнено има многу неквалитет,колку будали со фотоапарати се појавија последниов период?!), колку сте речити (не,превод на саркастичните картички,не е речитост и духовитост),колку имате страст кон уметноста (не,модата не е уметност,престани со тоа,престани со тие штиклице,миклице,работи за девојчиња), кога љубите класици (наводно) кога се неприкосновен и сигурен избор и квалитет,а вкусот ви е де факто катастрофален,па затоа не ризикувате да дискутирате за некои нови нешта,а и немате поим што сакате... Јој револуцијо,јој,јој. Сива маса не е детектирана,ерор,ерор,табула раса. Пaродија на Brave new world меѓу се останато,деновиве... не ми е смешно,сепак. Еве на ова ми текнува упорно... Страшни момци! http://okno.mk/node/6337 И така ...
Можеш да имаш се’ и секого, дотолку што ти се чини големо, огромно, пространо. Моќ?! Прашање на време - што е?! Пространото е шупљо, а во шупљо ко по обичај те гуши празнина, осаменост. Ко промаја ти доаѓа. Можеш слободно да дуваш од шупљо у празно со сите до еден, пошто све небитен. Е, јас се осеќам фантастично. Проблемов е туѓ. Туку, осеќам дека битката добива некаква лична, интимна нишка. Би да помирисам и пот, би да... Ма би со голи раце врз вратчето. You see, we never ever do nothing nice and easy. We always do it nice and rough...
Ми се спие ми се плаче. И ми студи. Ете секогаш вака си ги започнувам тука постовите, па и денес нема да биде исклучок. Очите ми тежат, и главата, ама слушам убава музика и со доручек и кафе се надевам ќе се опоравам. Денес одам да си го закитам индексот со уште една солидна оцена, да ми заличи. Кој знае само колку ќе не гњави бабето Ах ми се јајт ми се лајт И торта ми се прајт. И да, заклучуваме по последниве реченици дека немам храна во крвта. Отидов на бензиска, да наполнам резервоар