Петочки расположена со раширени раце го пречекувам денов, поготово кога ме разбуди тоа сонце надвор кое го барав веќе две недели
Некарактеристично за петоците, се чувствувам многу мрзливо, иако имам еден тон работа,а и тотално не ми се искача вечер...
ни-ка-ко Незнам зошто ама деновиве ми се за нигде и никаде. Еве седам сега на фемина со капучино во рака и се чудам што е со мене? Еве веќе еден месец помина од кога ме фати една депресија и си терам така. Седам дома, ми се излага ама не со било кого.. Со тие што ми се излага неможеме да го погодиме слободното време.. Немам ни со кого да зборувам, да му кажам како сум. Све некои рандом фаци, небитни. Читам книги, пишувам поезија ама џабе бе братче и тоа ми е досадно. Се си мислам на некои лоши дешавања, само црни мисли ми се во паметов. Ништо позитивно. 1 месец сум затворена. Буквално. Досаден ми стана животов. Досаден ми е денов. Досадно е и кафево, ама го пијам. Знам, досаден е и постов. Досадна сум јас. Разочарувачки. Спојлер можеби не е постов за во темава, ама морав да се испразнам
Никако. Разочарана од дечко ми, чизмите вода ми пропуштија па нозеве ми се мраз цел ден и некако воопшто не сум расположена
убавко ветре дувкаше сабајле за мерак но денот нешто ми се поремети у школо додека бев некако се ми беше без везе и уште ми е така така да Како се чувствувате денес?? никако а и имам и главоболки
Очајно, изморено, категорично тврдоглаво. Пијано од една голтка вино и измешан памет и мисли. Расеано или незнам што сакам. А и да знам што сакам, зошто баш тоа го сакам. Уживам во опколеноста со прашалници кои почнаа прашина да прибираат а јас не ни сакам да ги тргнам од мене. Зошто секогаш морам да решавам проблеми?!?! Нека се решат сами или некој друг нека се погрижи за чорапата што не е на своето место. Каква иронија. Да, мора да се живее а зошто мора баш така да се чувствувам. Тврдоглавоста или ќе ми се исплати или ќе ме убие. Чувство посилно од мене.
Многу конфузно... Не сум во пмс тоа сигурно знам завчера ми заврши циклусот,но веќе цела недела секој ден само ми се плаче и си плачам ,лошо ми е,ми се врти... Дефинитивно ми е време за прегледи на лекар незнам што е со мене.
ПМС... Настинка, температура, ме боли грло, ме боли целото тело... :'( Изневерено... Разочарано... Тоа е! Кога некому ќе му се најдеш во тежок момент, а тој тебе те извисува постојано... И сѐ така, и сѐ така... А ти? Љубиш! Простуваш и упорно пропаѓаш... Никогаш повеќе! Никогаш повеќе! Некои луѓе едноставно не вредат ни ноктот од малото прсте да си го скршиш за нив, а не и нешто повеќе да направиш... Сепак погледот ми е насочен кон иднината и кон оние луѓе кои ме ценат, ги има и такви, никогаш ништо не сум им дала, а сепак знаат колку вредам!