Никако! Одвратно! Оваа глупава настинка и грлово што ме боли, ме врзуваат да седам дома, а дома не ме држи место.. Да излезам не можам, да не се влоши ситуацијата... Ја кривам греалката во соба, што го суши воздухот и ме разболе! Сите лимони на светот, обединете се да ме излечите! Одма! Фала однапред!!
Многу, многу, многу лошо.... ајде само да ми помине ова, реков, знаев после толкава еуфорија дека ќе следи ова
Спојлер Мноооогу крвавоооо=) Затворени се темите сакам да прашам и да кажам сепак мислам дека овде ке можам да си кажам шо ми лежи на душа.. Иако поминаа неколку дена од Св.Валентин сепак на она шо се изнаглдеав не можам да повервам на каде оди сето ова...Прво мора да си признаеме дека секоја девојка сака да добие подарок без разлика дали било за Св.Валентин или за само некој обичен ден сепак тоа е знак на внимание дека некој се сетил на тебе дека оделил од неговото време,размислис што сакаш или сл.Не знам дали ова се случва само овде во мојот град или е насекаде вака =) епа кога дојде денот кога сите очајнички го посакуваа се беше еден театар...Девојките се толку паднати ниско со тоа што нив не им беше важно дали подарокот е со некакво значење,дали нивните дечковци посветили време и тие го купиле од што сакале или зато само што е таков празникот...целта им беше на сите да добијат што е можно поскап подарок за да можат да се пофалат пред другарките а не е важно ништо друго дали тие се изневерват или не....важни се патетиките господееееееее зоштооооооо?????????
задоволна сум од самата себе, веќе 25 дена контролирам начин на исхрана намалувам килажа полека и тоа многу ме радува. конечно се решив и за пропишана диета и доброо ми оди. едвај чекам да се разубави времето да излезам да се издувам малце, мислам дека ова е конечно добро нешто што можам да го направам за себе, CHEERS
Сум бил подобар дефинитивно. Пак некоја глупава зимска настинка ме здрма деновиве. Све почна наивно кога одеднаш почнав да осеќам поголема количина топлина на лицето, за да после тоа резултира со болки во грлото и генерална температура која ме фрли во кревет на момент, ама еве пркосам на настинката и храбро издржувам на столче пред лаптопот. А згора на тоа пијам и кока кола на ова време па изгледа самиот си га барам уште повеќе. Ама ајде да не се жалам ќе помине и пак ќе блеснам во полн сјај. Генерално, ок сум, со одредени абнормални параметри.
Малку мелахонично.Од една страна сум среќна,а од друга ме пука некоја мала депресија.Се надевам до вечер ќе ми се поправи расположението
Среќно! Од никаква посебна причина. Научив среќата да ја барам во себеси, да не бидам зависна од односите со другите луѓе, да не чекам друг да биде ''виновник" за мојата состојба. Се сакам себеси и светот. Боже, ти благодарам!
Ми мрзнат прстите Малку ми се мочка и ми се јаде. Физиолошки потреби напаѓаат. Се радувам што оваа приквечерина, па и вечер, ќе ме дружи Сестра ми, ќе пиеме кафе и ќе и‘ помагам со домашната затоа што јас сум сестрата по англиски Малце ми е тапа што се откажа кафето, баш фино ќе беше. Од друга страна ми се развлече насмевка на лицето кога видов дека ми пишал порака. Не знаев дека ми го чува бројот со оглед на тоа што комуникацијата ни стана катастрофална после мојот напиен испад. Убаво чувство, чувство на мир дека сепак не ми замерил. Иако никогаш нема да комуницираме како порано, бар совеста ми е малку помирна.
уморна грбот ме боли, вената на десната рака-како ли сум заспала незнам а главава не престанува да ме боли незнам што ми се случува