Имам некое глупаво чувство... Сакам некој да ме прегрне без да му речам, сакам да дојде некој мене и да си дозволам да сронам некоја солза , да му кажам што ми ја мачи душава.
Гордоста како змија те стегнала и се прашуваш дали душата ти станува се поситна, дали ти се простени детските палавости кога сонце и милина ти нуркаа во косата и колку си сега без причина полна со себе. На сметка на минатото. Па ќе ти текне на нешто или на некој и ќе си поплачеш малку кога си со друг. И додека ладното ти се провлекува низ коските, а ти во постела со друг, ќе се внесеш во некое си време кога ќиваше ради липите. Кога ти ги притискаше бутовите на ладниот ѕид далеку од галамата на градот и кога двајцата ќе се тркавалкавте во мократа трева. И ти се чини сето тоа како детска игра иако тогаш си бил најголем па си плакаш колку за себе, толку и за него. Ама ги љубиш и двајцата. Кога би можела душите да и ги извадиш во друг човек да и ги соединиш, љубов нова да створеш во него двајцата да ги пронајдеш. Повторно да и го дадеш срцето и телото и ред воздишки , ред караници да се сакате до бескрај. Ама кај си го видел тоа, која вештерка ќе ја направи таа зла магија за моја среќа? А ти од лоша полоша, па не плакаш за нив колку што плакаш за себе, за душата твоја изгорена и за зборовите недокажани. И сфаќаш дека туѓите болки се посилни толку колку што се пронаоѓаш во нив, а бегаш од шпаљолки и циганки зашто сите те потсеќаат на неа, на таа проклетница. И од бујната црна коса и од смрдеата на гужвата и старите партали. Жена е таа, мора да е жена. Оти сум јас девојка.
Се обидувам да оладам, не во буквална смисла на зборот де и онака е ладно, ама како што би рекле американци чил аут .....да искулирам. Еве веќе 2-3 саати тоа се обидувам, незнам дали ќе ми успее Чајот од нане полека го шмркам, да ме смири....зашто денес сум болен дојчин, глава, стомак, заб....нема што не ме боли Се лутев прееска дека ми ги изедоа колачињата со мед, цимет и ореви утре ќе си купам цела кутија само за мене Си зацртав неколку обврски, ќе треба да се исполнат, плус се ближи први ќе има нови почетоци Не е се така црно, има и по малку жолто....тоа се оние извичниците околу мене што ме предупредуваат :geek:
Главоболка неподнослива но сепак со скоро завршени обврски! Станот свети, никогаш не бил почист, јас си јадам портокал и со зеко мој во скут, убавини.. Книгата само довикува ама јок, абер си немам, а знам кога тогаш морам да ја допрам и детално разработам.. Супата врие, па после неа втора рунда на обврски. Јас среќна драги мои, лесно ми е на душата, а башка...и газето е веќе полесно