Многу сум расеана, измешани емоции, главата полна со глупости, сакам само да преспијам и да сум како нова. Ах, да... дури го пишував постов сфатив дека сум во ПМС, па јасно ми е се сега
Како некој што го за*ал петелот! Многу рано станав па мислам дека ќе ми биде потребна уште една тура спиење, после да прославам со еден чај за убавото време денес...
Док, запознај се со: Великиот везир Изноугуд... е така се осеќам, само нејќум да станам султан на местото на султанот. Нити за султана ме бидува. Бљак Прекрасен ден, прекрасно чувство. Крв струи Живи сме. И пулс имаме и се. Све ни е на број и овците дури.
Денес се чуствувам никако,уште си немам легнато од вчера,веке незнам ни колку саати сум будна...Изневерено,разочарано...
Ми се јаде, мешево свири позната мелодија. Мирисам убаво, на парфем драг подарен од непознато другарче и на крем за раце од најевтините. Цената сепак не е мерило за квалитет. Станов живее, а јас се снаоѓам во гужвата. Четири мажи и мирис на омлет That's the definition of my Heaven. Се надевам ми оставиле нешто Денес изненадно ми струи енергија низ телово, и покрај тоа што спиев само три часа. Ни самата не знам од каде толку живост да не застанам ни за миг. Нешто чудно имаше во тоа кафе утрото, чиј мирис уште ми е под ноздрите, тежок и примамлив како сладолед во април. И се прашувам дали ќе имавме толку теми на разговор да не беше калта по улиците. Се отепаа дваесет минути додека сите не се пожалија како се „удавиле“ до колена, а чизмите им се како да биле во кочина. Од друга страна се радуваат што се потстопли и очекуваат топла и убава пролет набрзо. За времето има тооолку многу да се зборува, thank God. Инаку, сите тричасовни возења во автобус, патот до факултет со колешките кои баш и немаат некои пријателски чувства кон тебе и чајот со некои кои не ги познаваш доволно ќе беа ужасно неми и досадно и во најголем процент со дооолги тивки паузи. Се чувствувам грдо кога морам да промрчам за некој кој до пред пет минути бил со мене, ама посилно е од мене. Кога нешто кај некого ужасно ти пречи, а знаеш дека ако му го кажеш тоа ќе ти упати и нема да ти го прифати коментарот затоа што не му одговара, не ти ни вреди воопшто да му кажуваш. Ама, затоа што мораш да кажеш некому, зборуваш зад грб. Народски кажано - gossiping. Звучи бедно, бедно и е, ама бедата ја има во најразлични облици, бои и мириси, па еве постои и како ваква. И за крај, кошницата од чувства ќе ја заокружам со најубавото за вечерва. Мала мила сиво-бела маца ме пречека на сто метри од куќата милкајќи ми се слатко по чизмите. И беше премногу слатка, мила и нефотогенична да ја сликам како што треба, но срцето ми беше полно за прв пат во денот Ако некој видел мало човече покрај семафори како клечи и се галка со крзнено топче, јас бев
Морам да се пожалам од теткава од Америка Ко пингвин се чувствувам, а истовремено толку ама тооолку слабо, шо ми се чинит на два дела ќе се скршам, крц...и отидов Ами така де
Како странец во сопствениот град. И многу убаво чувство е некако. Прочистено. Како радост нацртана на балонче! И си прави фиуууууууууууууууууууу! Издишува среќа
How fragile we are... how fragile we are... Талогот вели демек сум страдала од љубовни маки. Следи мојата зајадлива смеа.А оно сите маки да ти биле љубовни кога ќе размислиш малку. Како прво, почнувам со онаа кон самата себе. На сабајле ќе си цунам левото раменце, на пладне другото. Навечер двете. Од толку убавина јас не можам да просперирам во животот чинеш, од толку чисти мисли Мисли безопасни, само навидум. Оти мене ќе ме бодат за само да не и ја дадам формата. Баш сум јагненце кротко. Мама, тато и балеринката моја. Во минатиот живот мора да сум била крилцата на пеперугата па сум ги заслужила нив. Внимателно чекорам за да не ми го слушнат тешкиот полноќен од. Мака мачам дишењето да не ме издаде или пак пу пу во никој случај да не ги допрам па да ги изгорам. Страдам од чисто љубовни причини. Премногу ги сакам оние кои ги сакам.