Одморено! Конечно да заспијам и да отспијам малку повеќе него 3 часа во денот. Убави се утрата кога можеш спокојно да си станеш без да бидеш бурно алармиран од звукот на алармот и дремливо да се движиш низ домот како мече после зимски сон. Тромаво! Денес сум жилава и разиграна, НАСПАНА! Колку и да викам дека немам време за спиење, морам да си ја одморам душичката од време на време Убаво е да се погледне наутро кон прозорецот, спокојно без брзање и мирно да се набљудуваат дрвјата, колите, луѓето. Спора сум и сакам се да правам споро, па дури и долго да набљудувам од прозорецот. Ми дава спојкојство и исполнување, чудно исполнување.
http://www.youtube.com/watch?v=ehWK9ihQ ... re=related Како да сум фрлила снопче светлина во просторот и времето. И сега си играме криенка, се гониме низ цел универзум; кој попрво ќе здогледа; кој прв ќе го открие трагачот односно гонетиот; или ќе се забележиме во истиот миг па ќе се залетаме еден кон друг. Прилично романтично утро... на сметка на економијата.
Исцрпено, повредено. Некогаш, не можам а да не се запрашам, дали проблемот е во мене или некој друг, но на крај, вистината лежи во тоа дека секој еден е спремен да те повреди, дали на овој или тој начин, болката е неизбежна, па и сите ние кои сами се лажеме силна сум, не плачам, ма не бре, не можиш да не плачиш, можеби е многу ретко и доста знаеш да собираш во себе и криеш емоции но еден ден плачот е чекор пред тебе и ќе се најдеш во истава ситуација како мене.. еве ме, лежам и тонам во солзи..
Како да ме прегазил воз... Кренав температура и ме фати треска. Изедов кило лимони и се напив парацетамол со чај. Главата ми тежи како слон!
Многу лошо... Преземав голем чекор кој ми го промени животот... Пред точно една недела го оставив оној кој го сакав повеќе од сѐ, оној кој мислев дека вреди да го сакам... Велам ОНОЈ, бидејки ако го наречам човекот, ќе го навредам целиот човечки род. Во ред, застанав на нозе, се соочив со моите грешки и презедов одговорност. Но сепак, многу полесно за мене ќе беше да си имав искрено друштво покрај мене, а јас немам никој... Немам ни кому да му се јавам, чисто гласот да си го слушнам. Останав тотално сама, во туѓ град. Посакувам да имам со кого да излезам, да се дружам, да се смеам... Ми останува да самувам и да се надевам дека мојот живот еден ден ќе се среди и да се надевам дека на такви изроди нема често да наидувам...
Денот денеска уште изутрина ми почна мрзеливо, морав да станам за на факултет а ми се спиеше , отидов и си поминав супер, мрзоволноста исчезна, со колегите денеска цел ден се смеевме, се забавувавме, бидејки чекавме 2часа и 30 минути за да ни започне предавањето , ама шо ке правиш, мораш да чекаш, и да се глупираш со другите , за да помине времето ... ах тие студентски денови
Ми студи и ми се мочка. Од двете по малце. Ама само малце. И уживам во вкусот на пуканкиве и сакам на бебето да му се заблагодарам за нив. Денес конечно станав наспана. Амин Господе Се научив и јас да спијам. Утрото не ми беше баш опуштено зашто морав набрзина да се спремам за на факс, ама другарот од бебето (кој веќе некое време привремено е буквално ПРЕСЕЛЕН кај нас) како спие со лаптопот на големиот стомак беше баш слика за ефективно будење. Среќа беше длабоко заспан, па не го разбудив кога се изнасмеав од душа Неизбежните доручек и кафе ми ги забрзаа турбините и денот го фатив во полн ек. Ден за трошење беше денес. Очајно барав да купам нешто и да потрошам пари и на крај се вратив дома задоволна со нова кошулка. И, како што веќе кажав, лижам прсти од ова пуканкиве и слушам опуштена музика радувајќи му се на утрешниот ден: ден без факултет и со гости