Ша ла лаллала улалала д лајф ис вондерфул.... хепи сум Времето,журката што ми престои вечер,празникот што иде ме прават фулл со среќа
Па не се жалам....мерак ми прави времето...цел ден од сабајле натака навака,..полно луге низ град....сончево...посакувам и вечерта да ми е таква (сончева)
Денеска се чувствувам исполнето,ама има едно нешто што ми фали,либето мое,ама ќе си дојде и ќе ме стопи од љубење Се изнашетав со сестра ми ,се изнасмеавме и се изнакупувавме.Денов ми почна со смеа,ми го разубавија децата што се шетаа маскирани заедно со учителките.Сега се спремам за лажење
Гладно...ми се чини дека слон би можела да изеда. Ај барем се помирив со тоа дека нема спиење следниве неколку дена :roll:
Ubavo,praznicno,raspolozeno.....poleka no sigurno ja isfrlam depresijata sto me macese posledniov period....ke bide dobro....mora da bide taka
Поспано се чуствувам,малку еуфорично веројатно поради празников,маскенбалов,што знам,но и нешто ептен ми се приспа оф кај најде сега,значи жива ненаспана сум.... :?
со нозете на земја, со главата во облаци, срушена од реалноста, растргана од чувствата... ах... маки.
Безвеза,малку чудно,а на моменти вообичаено. Бев во едно глупаво исчекување од сабајле,а добив една сосема неочекувана и чукната sms порака.Морам уште неколу пати да ја прочитам за да се уверам дека е вистинска и секој пат ја тресам главава од изненадување дека секој пат одново ме изненадува фактот што ептен сите забегуваме одвеме навреме.Не сакам да помислам дека ова е врв,зашто во истиов момент ќе ме демантира некој или нешто за да докажи дека глупоста е неограничена,а тоа дефинитивно не ми треба денес.Само се трудам да не вратам,со цел да избегнам катастрофа од широки размери.
Без врска... ме скина од болење главата кога станав од спиење... :? Ама сега сум лајт ни ваму ни таму... уште сум поспана најверојатно тоа ќе е
ОК. со големо о и големо к. Моите се на ручек кај тетин ми, сестра ми излезе со момчето, седам сама и слушам Јан Гарбарек, одамна го немам пуштено и пуштив мозок којзнае каде. Нешто е исто, ама како да не е исто. Освен мојата килажа, се разбира. Се чувствувам нешто помеѓу тотален даун и врвен ап, ако баш мора вака кретенски да се изразам. Абјектно, ни ваму ни таму, ама си уживам во состојбава. Неразбрано ОК. Отворен Климакс, како синусоида што прерано се истегнува од мојата возраст. 22, како не бе...
многу зачудено ........не ми е јасно зошто некои луѓе од минатото уште се замараат со мене, а демек се срекни во врската може ги боли тоа што јас не трчкам по нив