Ах, самозаљубено Ете доказ дека ме привлекува истрајност и решителност кај луѓето/мажите/мене Искрено, малце ми се ладни прстињава и планирав само да дадам отчет во Диетата на Ирена и да се плеснам пред ТВ, ама ептен си се сакам кога сум си послушна самата на себе, па сакав ете тука тоа да го споделам. Се радувам кога ми оди нешто според планираното, со оглед на тоа што сум контрол-фрик понекогаш. Му се радувам на утрешниот ден. Ќе ја видам. Убава моја. И ќе ја силно и ќе и‘ кажам дека ја љубам и дека уште сто пати би шетала -таа во искинати старки,јас во небесно сина маица и балетанки- со неа. Никогаш нема да ми здосади таа наша комбинација Леле, сто чувства ми се мешаат, не можам крајот да им го фатам. Преска, на пример, прочитав еден пост од Брајт и ме фати малце... не носталгија.... ме фати чувство за потреба да припаѓам некому, да постои некој кого желно ќе чекам да го видам и ќе бројам денови до нашата наредна средба, некој кој ќе го нурне носот во мојот врат и ќе ми ја чешка косата. Некој на кого И ЈАС ќе му бидам потребна, та заедно ќе си требаме 'till the end of Sun. И да, обично сум скептик (или можда се трудам да бидам) и си ја полнам намерно главата со работи затоа што тоа претставувало дел од моите принципи (Are you serious?!), ама вечерва ќе си дозволам да мечтаам дека можеби утре Петре-козарчето ќе ми го пресече патот.
Пролетно бе ,ја извадив масата лаптопот и одма надвор на тераса -совршената летна комбинација надополнета со кафе до врв преполната шоља.
Денот ми е ветен за мене, и лично само за мене, и за апсолутно никој друг. Планирам да ги направам сите можни работи кои ме смируваат, психички да се изнаодморам, исто како да сум на Карибите бре, да се наполнам позитивна енергија, и да направам размештај во мојата соба( а тоа го правам на секои 3 месеци) што да правам, просто обожавам промени Ассааааааа и како се чувствувам....дебело Вечер знам дека ќе вежбам многу, многу!
Како гомно. Како и впрочем се чувствувам последните четири месеци. Али мислам дека денес беше кулминацијата. Мислам дека денес беше денот во кој сватив дека уствари јас немам ништо. Немам дури ни непријатели. Ама немам ни пријатели. Имам пријатели од оние кои кажуваат на сите други дека ме немаат видено сто години и дека мора во скоро време да се видиме,такви имам да. Прават и кажуваат се на секого,освен на мене нели. Имам и многу од оние себичните,досадните,незаинтересираните,несмирените.. Имам бе јас и вистински пријатели,али најверојатно и јас сум се изгубила некаде во свемирот. Денес официјално ми падна напамет идејата за самоубиство во скоро време. Ако не во скоро, наредна година или понаредна. Ако ситуацијава продолжи вака,јас сум многу сериозна за зборовиве. Јас правам се за да се промени. Очигледно, тоа или не е доволно или јас не правам нешто како што треба, не знам.. Немам ни со кој да излезам да сонцево,а не знам ни дали сакам ...
Превозбудено, па тестот, па ми олесна па зборев ко навиена , сега сум мирна и опуштена. Се надевам дека таква ќе видам до крајот на денот
Денес имам многу енергија во мене, се чувстувам исполнето и конечно среќна поради тоа што е топло, а досега денот го искористив максимално..искрено денес сум исполнета, задоволна од себе и од другите околу мене, камо вака да е секој ден