Отварам очи- Оптимизам, денес ќе биде подобро, се гледам во огледало- песимизам, не е подобро. Се трудам да мислам позитивно, ама јас сум реалнат нема бегање од фактите.
Море станувам сабајле и си викам што убав ден денеска,како и секоја вечер после 5 -6 будења од моето бебче денеска ќе биде оро по дворо ,ајде добро тргно со оглед на вчерашното лудило од моето синче
Ништо посебно. Уверена сум во моите способности да насмеам некого. Се чека смрачувањето на сонцето и настапувањето на квечерината - премногу важна за мене.
хм денес се чувствувам многуу осаменоо , тажно , некомплетно .. а денес е баш и оној ден МЕНЕ МИ Е РОДЕНДЕН .. незнам зошто , но не го сакам овој ден , како прво со мајка ми се скарав вчера , денес стопати помина низ мене а не рече ни тивко среќен роденден .. во секој поглед очекував да ми каже ама ништо си замина без збор на работа ..ако од сите страни се јавуваат по скајп на телефон да ми честитат сите лицимерно роденден .. и тоа е денес сум психички уморна од се .. па дури од себе си
После 10тина дена, прв пат можам да кажам: Одлично се чувствувам! Не се будали оние кои кажале дека шопингот е најдобра антистрес терапија!
КАТАСТРОФА се прашувам Господ зошто ли ми даде уште една шанса пред 13 години за да живеам подобро да ме земеше тогаш, до сега сите ке ме заборавеја, и ке си го живееја животот, а јас немаше да се мачам ко некое изродче како сега. Ниту работа да најдам не можам, ниту студиите да си ги довршам,да дипломирам КОНЕЧНО на здраствените проблеми крај им нема(од пред неколку дена не можам мокрачата да си ја задржам, а на таа тема имам проблем голем уште од мала, и не знаат докторите од што ми е ) покрај што пијам лекови-тоа е за друго,нервите ми попуштија од лудациве дома,незнам што ке правам вака-ова не е живот ова е мачење, не се чуствувам ко да имам 26 туку 106 (баш за тој проблемот разговаравме со психологот минатиов пат, и ми велеше дека тоа ми е на псичка база, и колку повеке си ја зацврстам самодовербата , ке ми биде подобро, незнам ниту што да правам ниту во што да верувам
Како после маратон, језда 4 саати предавање за мене е рамно на маратон! И онака излагам уфилмано демек прво место сум освоила, демек преживеав! Уште филм дека сум сучка како овој
Нервозно, изреволтирано, се изгубив во време и место, растргната невидено, и уште полошо ми е кога сум нервозна а неможам на тој што ме изнервирал (во случајов единствениот професор што го мразам до сега) уфф, ќе биде секако долга ноќ, ама ми се собра се некако.
КАТАСТРОФА се прашувам Господ зошто ли ми даде уште една шанса пред 13 години за да живеам подобро да ме земеше тогаш, до сега сите ке ме заборавеја, и ке си го живееја животот, а јас немаше да се мачам ко некое изродче како сега. Ниту работа да најдам не можам, ниту студиите да си ги довршам,да дипломирам КОНЕЧНО на здраствените проблеми крај им нема(од пред неколку дена не можам мокрачата да си ја задржам, а на таа тема имам проблем голем уште од мала, и не знаат докторите од што ми е ) покрај што пијам лекови-тоа е за друго,нервите ми попуштија од лудациве дома,незнам што ке правам вака-ова не е живот ова е мачење, не се чуствувам ко да имам 26 туку 106 (баш за тој проблемот разговаравме со психологот минатиов пат, и ми велеше дека тоа ми е на псичка база, и колку повеке си ја зацврстам самодовербата , ке ми биде подобро, незнам ниту што да правам ниту во што да верувам мила немој да мислиш дека само кај тебе е така, едноставно исправи се и најди некоја светла страна, по секоја бура доага и сонце, студиите ке ги довршиш не е тешко да завршиш нешто што си почнала, кавги во секое семејство има да не те лажи тој факт, не се нервирај за секоја ситница едноставно живеј го животот само за тебе а не и за останатите, и работата ке ја најдеме или таа ке не најде нас,и знај дека животот е убав извини али морав да ти искоментирам ,инаку и мене денот ми е
И така и така. Нејќам вакви денови ама никој не ме праша дали може да го пушти!!! Е ваква... Сликава кажува многу повеќе...
И јас незнам ,...... тажна, тетками ке си оди утре за Германија, епа многу ми е мака , секој ден заедно а сега ...... ке си оди, ама тоа е работата си е работа
Среќно... мислам дека баш голема среќа ме следеше денес Да не си се почудам... Сега баш прочитав една статија на КУРИР за двајца кои починале прегрнати во ист ден, а биле во брак веќе 60 години... Баш морници ми поминаја кога читав Ова е уште еден доказ дека вистинската љубов навистина постои... http://www.kurir.mk/magazin/zanimlivost ... odini-brak
По сабајле математики со животот... Нема, нема раат за оние со крст на чело, убаво велеше баба ми! Би сакала само да сме здрави и живи, што е наше, ќе дојде макар и испорачано.
Нервозно и тажно Кај од времето ме мава некоја депресија,ама и од луѓево што се нема да чуеш и видиш.Речиси сите во кои имав доверба полека почнаа да ме разочаруваат.Некако не се пронаоѓам помеѓу толку подли и расипани луѓе