Нервозно многу нервозно . Не знам зашто така некако се нервирам и има причина и нема не знам леле не знам како да ќе полудам имам таков немир кој го чувствувам во душата . Посакувам времето да застане и јас да отпатувам некаде далеку да се исчистам , да се средам со мислите да го најдам спокојството и да се вратам а се да биде исто тука негде . Да има помалку нервози помалку драми да бидам среќна , да бидам сакам да не ме повредува никој како што не повредувам јас да не ме мрази никој како што не мразам јас и пак се прашувам има ли мир за мене ? Кога ќе го почувствувам ? Кога господе ?
Ужасно мислам дека ме фатило пубертет на овие години, се чувствувам премногу напалена како да сум испила шпанска мушичка.
Многу убаво, кога си ги отворив страните на Фемина.... Како да сум се видела со стар , добар и мил пријател....ПРЕКРАСНО!
3 дена не наспана, не одморена, напната и ште денес ми фалеше масакрирање пак... скренав...сакам малце одмор БЕЗ ГЛАВОБОЛКИ!
Денес супер Ко пиле ко ќе излези на слобода Се шетавме со една другарка,ако си врнеше снег,не пукна аман,и ги истрошивме сите пари
веќе на назад две недели се чуствувам никако,депресивно,нервозно,де сум разположена,де сите ми сметаат,што е со мене не знам.
Ме боли се живо и диво, проклет мензис. Ама весела сум нешто, само да помине праксава и знам уште повише ќе ме биде.
Вкусот на манџето уште си го чувствувам залепен за забиве. Мх вкуснотии прекрасни Коленцето само со хулахопка покриено го спремам за надвор и за инает не му уклучувам греење. Да се јача мора Станав ПРЕрано денес, прерано. Всушност, заспав ли јас воопшто? Не знам што ми бидна. Си одам дома, да видам Охридче, езерце да видам, кафе Аквариус да пијам, со наочара или без пак шема ќе бидам Хипи, среќа најде панделка да ја поткренеш косата, инаку рокчињата овновски ќе ти излезеа на виделина. Март е месец на кокичиња и развигорчиња. Да ги пречекаме со раширени раце и блескави насмевки. Мијте заби
Станав уште во 11. Колку е убаво кога ќе си станеш порано вака. Најубав период е од денот. Надвор сонце, си седнав на клупа, уживав. Се почувствував преубаво, иде пролет. А во исто време почувствував и носталгија, секогаш кога иде пролет, и тој период ме фаќа мала носталгија за порано, се присетувам на нештата што се случувале, друштво, детство, тинејџерство, средно... :/ а сето тоа помина. И убаво ми е, обожавам кога се стоплува, ама ете се чувствувам и по малку тажно. Носталгичарка сум голема по поминати времиња. Ваљда не сум единствена што вака се чувствува кога иде пролет. Како и да е, среќна сум. Мрш глупа зима!
Убаво и бледичко. Но, од нерамномерен сон е тоа. Со даде и мама одиме на шопинг. Сонцево е прав и здрав продукт денес а и бесплатно е, па ќе одиме да го изгушкаме. Најдов мома една музикална, си ја слушам, ко другарка ми е: http://www.youtube.com/watch?v=AWoHGgW9 ... re=related Да, сонувачка сум и јас. Така си се чувствувам цел живот бреј.