What a dayyyy Eптен сум весела,сонцево некако ми ја стопли душата и ги избриша сите мои дилеми и нервози.Повторно се враќам во форма,насмеана и среќна Имајте убава вечер
Се уморив од кукумјавки. Страв ми е да не почнам и јас да лелекам за сенешто со нив. ...И, ступидно се осеќам. Ептем! Ступидно колку што глупо звучи зборов, плус додадено неговото значење. ...Нема врска со интелегенција ова чувствово. Мислев дека спасот е во тоа да ги урнам сите мостови што водат до мојата тврдина. Неговите.. нивните. И токму имам мир после беснеењето, ете ти некој „невидлив“ изградил друг мост.. или бил и мостот невидлив и... клукодрвецот и суртукот исплазиле јазици. Почнувам да мислам, да не случајно „ова е тоа“, пошто сите патишта водат до Рим нели... а и да не испадне ко во вицот со болниот, кој многу верувал во Бог и чекал да го спаси, пак дури и кога лекарите дошле да му помогнат рекол „Не!“ и си умрел, за да разбере дека самиот Бог му ги пратил лекарите. И онда, тело пости, ум мрси, душа на кол... има ли смисла нешто уопште?! Се мислам, има таква можност да, сите досегашни соништа за утре биле само дел од некоја ептем глупа игра, во која јас излегов аматер. Реагирав според тоа за утре, а уствари, утре-то да ти било ради реакцијата сега ...у смисла, све е мое масло бре Можам ли да се вадам на лудило и сатурн ретурн-от?! Ми фали оној филмски финиш, со кадар... залез на сонце, портокалово-црвенуликаво небо, лимонада на маса, јас на стол на тераса и воздивнуваш, оти сите запци од запчаникот се кликнале каде што треба... и толку е. Од тука натака е хепи енд. Љубовите се со љубовите, лошите се два метри под земја или в затвор, али тоа небитно е..... Иначе, имаш воздишка и онда, опет... јово на ново. ...Рим се руши - се гради, се руши и тако даље.
Наспано, конечно и јас почнав да спијам навечер Ама денес некако...уште рано сабајле како да ми фали нешто, некој, дел од мене
Тивко, греам ко сонце, а звуците околу мене се како симфонија од пијано. Слушам радио, по којзнае колку време, летам со музичките избори по случајност, грицкам овесни колачиња и губам невиност со очи, гледам уметност на еден прекрасен сликар од Белгија, човекот има заносна постмодернистичка галерија. И сега сфатив, дека една од сликите е всушност насловната на книгата на наш Иван! Преубаво се чувствувам, си пловам во себе.
лошо ах шо ти прај пмс ,чувствителна сум како никогаш до сега, некој само да ме погледне ке почнам да плачам
Возбудено! Ама прилично возбудено! Убаво и посебно возбудено, не возбудено како досега. Сакаа притисок да ми мерат кога им велев - срце ми бие ко нетачно. Се загрижија некои. Возбудена сум веќе цела недела, ама си знаев - нешто убаво ќе се случи. Ама не знам што. Како по обичај, само чуствувам. Но не можам да предвидам. И разликувам дали е на добро или на лошо. Интуиција. Како е возможно до толку да е развиена кај мене?! Денес - се смири срцево. Не ми лупа повеќе од вообичаеното. И дознав нешто. Официјално, во вторник ќе дознаам а сега ќе се праам ко божем, не бе ја нисам из одавде! Леле ако е вистина, леле мајко моја! Ќе бубкам нечии табани еј! И ќе рецитирам. А ти Маро. Маро мори, табаните ти се мед да лижеш! Или Персо! Или Жан Лук. Шо е битно?! Фала, чао, пријатно ќе напраам и ќе патувам 15 саати за да испружам дупе на бели, егзотични песоци. Не ми чуе бре! СОН! Сакам да си го исполнам. И чекор по чекор, другите коцки да си ги наредам. Дадени ми се на располагање, јас ќе правам се за да ги наредам. Ах...време е за нешто вистински и суштински убаво. Време е! Ај чао! ЧАО!