Денес се чувствувам како мома на ливада. Денес се чувствувам како прасе меѓу тони желади. Денес се чувствувам како на гик да му дале три тома книги. Денес се чувствувам како што се чувствуваше Хари Потер кога го победи Волдеморт. Денес како сонцето да ми го осветли пенџерот и ми рече `Разбуди се стоко, доста спиеш, фати книга` Денес почнувам со учење. Денес победнички чекорам кон почетокот на крајот. Време е.
Се чувствувам изморено и задоволно. Колку тешка недела, ама готово - помина. Очите ми се затвораат и конечно ми падна камен од срце, чао анатомија до јуни. ( Ама ич нема да ми недостигаш ) Мислам дека бев толку оптеретена и под стрес и самиот факт дека неможев да си дозволам да се препуштам на тој стрес барем неделава ме прави уште повеќе уморна. Конечно можам да дишам
Енергично ко некој мајмун сум, си рипкам, пакувам торби, слушам Лева Патика.. брлавам, твитам, замарам по фб.. пишувам пораки на мобилен.. Буахха ми иде да си удрам шамар да се смирам.
Ужасно. Ми ја кажаа целата вистина, ме вратија во кревет и ми го кажаа единствениот услов кај кој постои можност да извлечам жива глава. Поужас не ми ни било!
е денес.......и ја незнам како исто кога во еден ден се сменат 4 годишни времиња така и јас ,од расположена до депресивна, од насмеана до расплачена , тешко е да бидеш женско луди хормониии од сутра биче болјееее
Станав сабајле во ниедно време да правам мали плетенчиња за патронат. Се истрчав до работа, па на патронат, па назад. На патронат ме изнасмеаја слатките дечиња Излегов од работа 8 часа по завршувањето на работното време. Ако некој си помисли дека сум надрндана и исфрустрирана - се лаже. Среќна сум зошто завршив една работа која ми стоеше над глава 10-тина дена, конечно ја баталив. Мразам незавршени работи. И си ја сакам работата и покрај сите тензии и нервози, ја сакам, и кога и да помислам да ја оставам душата ми се стега! Имам работа и за викендов, малата ми е болна, 2-3 дена не сум учела, ама нема врска, се чувствувам многу исполнета. Ете, таква сум. Исполнета и среќна!