Толку убаво се чуствувам што ми е мило што конечно заврши денот Само собајлето ми беше убаво, спијам јас и мама влегува со мацолот мој (а го немаше цел ден мислев некој го украл) ова ми беше најубавото будење за у школа.. Како поминуваше времето се покатастрофа беше и денот...
Се чувствувам разочарано... Имав се испланирано за денот да ми биди супер, а во почетокот така и беше, ама вечерта се разочарав. Да ве прашам: Дали некогаш се осеќате како сите околу вас да се среќни, а само вие не ? Незнам баш поради која причина ама денес баш така се чувствував Како сите да знаат шо сакаат во животот само јас не
пааа не беше лошо ама не беше ни иделано некоја глупава средина на класичен ден, ставам се матакам натака навака, малку трачарење со другарки, малку смеа, повеке монотонија, и така додека се расонам што ке видам пак дошло време за спиење
Музика тивка, но гласна Ми студи во екстремитетиве и ми кркорат црева. Кој ли ги здипли моите варени компири со сол? Море речи среќа што ги изел некој, таман нема да јадам во ниедно време. Поубаво будење утрово - АМИН! Братучеда ми ми ѕвона на мобилен да станувам и да варам кафе. Што ми е убаво што ми е тука блиску, на две минути. Абе мерак! Потоа, бабето ми ја исполнило желбата и ми направило палачинки, милата таа. Станала еден час порано од обично за да ми бидат готови за доручек. Ги сакам. И со еурокрем, и со џем. Оној од сливи. Насмеано попладне со Ваце и секако со полни ќеси. Јас и таа никогаш не се враќаме празни дома, Ладето многу мрази да излегуваме заедно, многу сме трошеле Понасмеано попладне - повторно АМИН! Сончев како сонце, се рефлектираше мојата насмевка на луѓето и нив им мамеше по некоја. Ми рекоа дека сум среќно девојче, во забите, во очите ми се читало. И станав УШТЕ посреќна! Ручек со најблиските, како некогаш. Ги обожавам нашите заеднички ручеци и ми се еден од поомилените настани (бидејќи за мене СЕ...настани) кога си доаѓам дома. Смеење, дури корнишончето да ти залетне. А па Ладе колку само го сакам кога доаѓа уморен, руча, и заспива пред телевизор во 6 попладне Уморен, ама среќен. Така си се опишува. И мило ми е. Оваа убавина од ден ја заокружив со црвено винце, со црвени штикли и усни и пријатно друштво. Во омилената Водолија. Ќе заспијам среќна што иако јас се менувам, тие маси ми се секогаш исто драги, љубовни и пријатни, како дома. *** Како се чувствувам денес? - среќно!!!
Како зомби. Спиев само 5 саати. Комшииве ми се ѕверови, уште во 8 и пол се растропаа. Па денес ли најдовте беееее.
Се уште никако, не сум расонета...пијам турско кафенце,цигарче и се расонувам...мислам дека ќе сум добро расположена.
Катастрофално! Ми дојде и ... незнам толку без веза се чувствувам страшна работа... Нервозна сум многу... ми се излегува ,не ми се излегува, ми се јаде,не ми се јаде... Ке полудаааааааааааам.