Преубаво Иако сум пред добивање,јас зачудувачки сум ептен убаво расположена.Се надевам овој месец нервозата и депресијата ќе ги избегнам
Како да се чувствувам, кога дури и во постот во темата испукајте се, ставив насмеано смајли На прашањето како си? Се почесто одговарам СУПЕР! И да не е така....така е за сите
Убаво се чуствувам само малку разочарана затоа што саблјето добив менструација, но се ветив дека ке испостам и ке се причестам и тоа го направив. некои викаат дека е грев да влеиш вцрква со менз. но жал ми.....Кажете дали тоа е голем грев ве молам ?!!
Уморно (Од шетањето ќе да е ) Преубав беше денот, се надевам од сега па натаму вака ќе биде - сончево.
Денес..шо знам уморена сум малку,цел ден шетам сликам,само нешто правам.Убав беше денов па ајде реков да го искористам.Ама се чустувам и многу заљубено
Здебелено, вратив едно кило ко ништо, неможам да се контолирам кога учам. Ненаситна сум, стока бре.. а баш си почнав да пазам..и оп..
Изморено по долгата прошетка во парк,гтц и рамстор! Ма се сме прошетале со сестра ми и другарка. Конечно мрднав од дома викендов и убаво си поминав на сонце Ви посакувам на сите убав ден _________________________ I added cool smileys to this message... if you don't see them go to: http://s.exps.me
Дебелооооооо.. Многу јадев бе, многу. Без осет, еј Сега цела недела само овошје ќе јадам, морам да се прочистам.
Лесна. Ако би имало ветер зад мене, би ме гурнал напред. Ако има ветер под мене, би ме кренал високо кон небеста. Голема желба. Би ја видела земјата од високо. Како блуза која ја диплам четири пати и ја ставам во куфер. Ја затворам, па се додека не дојде време да ја извадам и да ја испружам цела. Спомнав куфер затоа што бргу ја вадам од него. Па така и јас со моето расположение. Со пеперутки во стомакот. Интуиција. Женска. Нешто ќе се случи во следниот период. Не би знаела што. Нешто убаво. Нешто кое што уште сега ми мами насмевка на лицето. Нешто..