Многу подобро...цел ден спиев,после силниот врисок и миксот од аналгин и дијазепам...болки нема,само затнати уши,грлото како ново,кока кола до година пак... На моменти се фаќам во ситуација каде мислите лудо ми циркулираат по цело тело и сакам да изнакажам едно брдо гадости на една шака народ.Што дека се фекалии во душа (да не кажам г*вна),себични,безобразни,ноторни лажговци,искомплексирани говеда...и уште многу други префинети нешта...до толку што дури и си се гадам од самата себе... Мразам настинки,мразам лигушки,расипани празници пред да почнат,расипани души,егоцентрици,завидливци,натпреварувачи ама од оние злобните кои те мобингуваат,алапачи,трачари,ситни души,масни флеки на омилена облека,денови без љубов,пролет без здравје,успех без радост,безволност кон наука,опсесивни будали,пост зошто прави да се осеќам грешно,лицемери,лажговци кои мислат дека им верувам,мојата наивност,инаетливи професори,сандали на пролет,чизми во лето,фешн сенсот на скопските дами,зачмајаноста на Скопје која знае да го фати на моменти,разораниот плоштад,несудени судии и така...има уште многу...само себе не се мразам.Впрочем прекрасна сум си на моменти...особено кога ќе ме удрат уметниците во мене...утре јајцата саде платно ќе ги сторам. Држте палци на раце,на нозе до 13 да направам се цакум-пакум,прво полувреме одлично го завршив со огромен успех кој заслужува громгласен аплауз!
Убаво во својата кожа Си станав сабајле се скоцкав тип топ, ќе си дремам на работа докај три и после на шетање. Аааааа пресреќна сум си и едвај чекам да дојде вечер
Одлично. Добив, и не сум веќе монструозна! Си направив пица само со печурки, маслинки и домати и излезе многу добро. Го слушам Брејк и убаво ми е на срцето. Сега сум мила и мека девојка. Ќе се истуширам и ќе одам да се шеткам со љубовта во парк, ќе јадеме шеќерна волна и ќе се гушкаме, а после тоа ќе одам да гледам филм со колеги, ќе паднат зезанции. И на крај - со најдобрите другарки на кафе и пречек на празников среде Центар... Имам убаво чувство за денов. Само ќе треба да се опремам со улошки во торба и тргам. Грее сонце, а тоа ми е најважно.
Имам се што ми треба...прекрасно семејство,неколку вистински пријатели,љубов најголема и најпрекрасна (абе не дека зборам од инат и дека го фалам,ама тие што не сте се сардисале до сега,џабе ќе ви е,најарниот јас ви го лапнав одамна ),згодна леле мори мајко,глава боли (леле си го изнафалив,болен ќе ми легне ),планови за најпопрекрасно лето со супер изгледи да се реализира,куп акумулирана позитивна енергија...ма ајде уште да не ви кажувам колку сум јас најпаметна и најпрекрасна! Тетс да веј аха аха ај лајк ит аха аха!!!!!!!!!!!!!!!!! Кејфови и убавини сум во душава што си ја имам добитнава комбинација!За здравје не праам муабет,ќе се оправам скроз уште за некој ден!
Лилит ги читав твоите постови од пред 2-3 дена , и ми се чинеше многу депресивна и кивна на светот , па ми е драго што си сега срекна !!
I fell good, so good празнично расположена, со еден куп позитива во себе, со премногу вдишан свеж воздух и спремна за реализирање на многу цели
Денеска не сум баш у форма... малку ме боли глава и стрв ме фаќа за нешто мрсничко ама ајде ќе издржам до утре...а инаку си седнав на тараса и на сонцето и ветрот си читам Жени и љубовници и ме натера да размислам дали вреди уште да сум рамнодушна кон ситуацијата во која се наоѓам со дечко ми...хммм Ај ам тинкинг абаут аор рилрјшншип
Смрзнато се чуствувам,ми пристудува,а што ми се случува пред да настинам,знам,ова ми е како предзнак за настинка,надвор не е толку ладно ама мене ми пристудува
Super Imam visok pozitivna energija ubavo si se cuvstvuvam sama so sebe, si sedam u soba si slusam muzika se zurkam i si pravam plancinja za letovo i super mi e
брррр пројавувам ПМС знаци, ама среќа е што дома никој не ми замерува на мојата нервоза, зборење и на јадењето ( јадам како слонче ), како и на лелекањето дека кај и да е ке ми пукне стомакот, инаку сум ок, после ке идам на кафе со две другарки, ама се надевам времево ке се среди и нема да врне