Убо, договорени кафиња, ќе си тркнам до Пикокс да си ги видам моине србинчиња.. 3 дена не планирам да мислам. Точка.
Супер, цел ден се смеам како луда благодарение на Фемина т.е. на темата Прдење Зајдов од смеење, жени луди сте 100%
Ми студика. И денес ми е еден од оние денови кога сум на нула. Ниту во плус, ниту во минус. Сеедно ми е за се‘, ништо не ми е интересно, ништо не ми е забавно. Не ми е ни досадно, од друга страна. Тотално обичен ден. Утринскиот туш убаво ме промрда сабајлето и ми даде енергија да ги издржам предавањата. На некое просто уживав, на некое механички фаќав белешки, ама прошетката до кафемат никогаш нема да ми здосади. Загарантирано друштво сум. Приквечерното кафе добро ми дојде, со оглед на тоа што утринското кафе си го заборавив од брзање (ах, две полни лажички непрежалено кафе ). Денес.... се чувствував обично. Ноќва.... се чувствувам бетер од обично.