Хиперактивно, номадски, ко пуштена еребица низ шума, ко бас линија во тежок сентиш, ко вишок сарма у тенџере постновогодишно, ко непребол на седмооделенец по осмооделенка што завршува основно, ко шишка неваспитано ишишана, ко спијач во долот, ко припадник на специјална единица за ручавање по девет пати дневно, ко заљубена кокошка, ко балон пуштен да пишти по небо, ко безобразна штикла на подиум, ко... Ко Љубов у тесно уличе. Кршам ѕидови!
уморно-од толку пешачење вчера се чуствувам ко воз да ме прегазил малку ми е тешко на желудникот-па од толку печурки изедени, ништо чудно
Дебело. Не е ни чудно, со оглед на количината на храна што ја имам внесено претходните недела-дена.. Почна да излегува сало од секаде, да ме нервира. Ми иде да исфрлам се' што имам дома за јадење. Ама греота е бе па. Некој плаче за храна - друг ќе фрла.. Ајде нека дојде веќе, оваа поддуеност не се трпи.
Со душа го чекам “утре“ зошто ќе ми е празник на душичката.Барем еден ден никој нема да ме мервира,а ќе видиме и со што ќе ме изненадат моите!!!!!!!
После неколку денови ненаспаност, денес сум малку поенергична. Е времево заеба, на првото будење погледнав низ прозор, видов снег, опцув сочно и си продолжив да спијам, си дадов шанса за подобро будење. Самото тоа што пијам кафе на раат е голем плус на денов
Страшно разочарано. На раб од депресија. толку очекувања... Секој пат истото си го правам. Ако ми е, може и ќе научам некогаш.
Ова со дипломата што ја добив вчера малку ми го поправ и расположението.. Но ќе бев посреќна ако тоа го споделив со личноста што ја сакам.. али добро е и вака...
Од сабајле ме фати некоја нервоза, ми сметаше се. Па си поспав до покасно и под туш. Сега е супер. Одвај чекав да докачам компјутер и да седнам на форумов. Имајте убав ден!
Депримирано, чувствувам дека сите се против мене. Се мразам себеси што сум толку емотивна. Се мразам затоаш то се грижам за оние што ги сакам, а за мене никој. Ми се плаче, ми се вика. Ај нека заврши овој напнат период
Незнам ни самата,помешани чувства.......на тага потоа радост......Ах,животе тежок си,ама пак можеме со тебе