Денес нешто не сум во форма, до времето ќе да е. А и пред 20 мин. се разбеснив, се карав со дечкото цел саат и сега сум премногу уморна и не ми е гајле за ништо.
Денес се чувствувам убаво. За разлика од некои депресивни денови, денес сум океј. За разлика од вчера, кога бев најсреќна. Денес сум добра, неможам да се пожалам. Во текот на денот се смеев многу, пријатно ме изненадија некои појави и случувања. Се надевам дека и наредните денови ќе бидат вакви, по можност и подобри.
Како бумбар-големо и надуено...Прв ден ми е, затоа.Утре ќе биде уште полошо, знам.Ама денес се чувствувам многу гадно, како да сакам да му се раздерам на некого...
Поспано но утрински расположено, имам сила имам дух имам ведар поглед да направам се што сакам во теков на денот
Јас живеам ! Јас сум среќна што сум жива. Дишам, се смеам, зборувам,мислам , возбудена сум ! Толку сум среќна !
Фино бе! Си маштарам, си глеам хаљини, кондури, небитни ствари. Мозоков на пасење на момент. Се мислам каква фризура да си напраам, дали да сменам многу или само малку, барам у речник како се вика шатирање на француски, да не искочам ко Синди Лопер Си добивам убави вести, денес дури и ме контактираа за нова работа. Ќе ми дојдат гости наскоро. А јас веќе се гледам во авион летната навака и натака. Убаво ми е некој кога ќе ми рече, мило. Уште поубаво ми е со другарка ми кога ќе се погледнеме и се кикотиме, пошто толку добро се знаеме што без да изговориме нешто, се разбираме. Леле, едвај чекам да идеме заедно на едно место и да се смееме. Па и за тоа возбуда ме фати. А летнав со мозочево веќе одамна. Планови и планчиња, на чекор поблиску до нивната реализација. Вистинско време да се делува. Абе мува не ме лази а сепак, ми се праи се и сешто! И исполнета сум со милион идеи. Ми иде да свртам две три бројчиња чисто колку да ги потсетам дека ги сакам. По можност да не звучам патетично ниту лигаво. А од љубов никад не е доста. Абе, све у свему убаво ми е денес без посебна причина. Си живеам во свој свет, кој чат пат се совпаѓа со надворешниот и се влева во истиот како мала река. Хедонистички го грицкам и благодарам за секој миг кој можам да го доживеам. Се сетив како шизевме со другар ми на плоштад. Твист сме играле како Џонтра и Ума со цигарче у рака, додека сите други праеја нешто сасвим трето. Којзнае како изгледало тоа од страна. А он мислеше дека сум у ПМС. А сум, не дека не! Абре се чуствувам ко она ливчено шо го фрлаш у воздух, и се врти ко хеликоптер. Е баш така се осеќам!
Шашавко, ко она сладолетчено, Чашавко, во чашка, со ванила и јагода и од него ти се праи аооуууу, дизи физи мизи чувство во глава! Што напишав у моментов, стварно не знам. Договоривме вечера во кинески ресторан, со моиве Женки и нашите мами. Многу среќно чувство. Да ни поживеат уште 100 години и да се збираме за убаво, стално. Ги сакам!
Досадно,депресивно,како некое гуде,како некоја која си лечи депресија со чоколадо,едноставно се осеќам мутаво,не ја знам ни самата причината,можеби поради времето,можеби поради проблемите,можеби бидејќи врска си немам по некои предмети а следнава недела правиме тестови.Можеби бидејќи треба да седнам да научам 5-6 страни,да напишам 10 страни,да читам глупава лектира и да научам огромни лекции а ме мрзи. Туф бе како би сакала денов да си го преспијам,а можеби и да спијам до другиот викенд,додека не ме огрее сонце,ама обврски си имам,морам да се разбудам и да ги завршам.
Па добро ми е денес...само овај снегот шо ме нервира тој како си паѓа паа нема абер да застани...ааа јас толку се нервирам...ама сепак добро сум расположена иако сум испокарана со мојте
Се рабудив со чуството дека некој ми мава боксови во стомакот, еден удар и НОКАУТ. Моите желби и надежи се најдоа на подот скршени и поразени. Си станав и си ставив улошка како голема девојка и тивко си се вратив во кревет. Тој тивко ми шепна: ЛОША ВЕСТ? Немав сила да му одговорам но тој знаеше дека одговорот е да. Ме гушна и ме бакна. Чекав да замине на работа за да се изнаплачам под туш... тоа не ми помогна Така да денес се чуствувам ужасно!
Ево летим. Цел ден сум ко навиена. Трчам од едно на друго место. И секаде стигнав на време. На консултации кај менторот, па на фитнес, па по гости, нали празник и сите жени у фамилија мора да се испочитуваат. Кафиња и благо еден куп. Диетата отиде у неповрат денес. Ама ај таков е денот. И сега што од умор, што од кофеин не можам да спијам... Си читам статии и си се смешкам. Не можам да речам под мустаќ од причини што веќе го немам Ми останува уште топла релаксирачка мирислива бања... за совршен крај на доооолгиот ден.