никако , глупаво , нервозно е*ем ти и време и сееееееее , до кога вакво сивило пред очи ке ми се мава аман веке нека излезе сонце, депресија човек да го фане па да не го ни пуште, а капак на се па и овај ке ми попува ке ми соли памет ма све нека иде у три п**ки материни , а дој ми и ти анакс ке ти смотам некоја, свест да ти се заврте само пробај да ме затресеш има истресен да бидеш за навек
Подобро. Но сум била и од денес подобро. Утринското кафе ми донесе насмевка на лице. И доручекот и финиот разговор со Другарката. И мини-шопингот, иако се‘ што купив е или за во кујна, или за во бања Осаменоста и реалноста солзи ми донесоа. Одамна си немав поплачено. И не, не ми е полесно...
Сосема ок. Многуте обврски се завршени, заокружен е еден долг ден, полн со работа, љубов, средби, многу храна, смешки и планови за идни денови. Башка, врне, си тропотам тука, си пијам какао и сега пред спиење ќе си читам книга. Да, ок.
Па, убаво и расположено. Бев болна, бронхит, но смеи и зезање во школо, и се ми се подобри. Значи смеењето лечи се Цел ден ми помина во смеење и целосно заборавив на настинката
Онака, чудно некако.Тапо и празно.Ги нема пеперутките во мојот стомак повеќе, мислите за него во мојата глава, се исчезна.Ама, некако добро се чувствувам, полесно ми е вака