Денес немам волја за ништо. А и утре ќе немам уште повеќе. Aма ептен сум склет. Лесно може да се онерасположам. Се ми смета. Се ме нервира. Не е ПМС, ами овие будали кои ме опкружуваат. Ќе ги избодам бе.
Супер. Сончевото време секогаш ме орасположува. Денеска ми следи цел ден поминат во шетање и дружење.
Преубаво...Без многу филозофии, едноставно УБАВО, обично, ништо посебно, нешто како да ми фалеше на моменти, можеби убав збор кој ќе ми ја исполни душата, но сепак, се чувствував добро. За разлика од некои лоши катастрофални денови, денес беше добро...
Некако како потресено озбилно, многу чудно се чувствувам-не сум среќна, а не сум ни тажна-само сум...онака ок.Најверојатно ова ќе биде затишје пред бура, до вечер или ќе ме фати пак старата еуфорија и ќе се превртувам од смеење, или три пакетчиња паломи ќе биде малце за да се избрише поплавата од солзи...
Каскам некако. Денов ќе ме прегази. Неволно. Прочитај, шкрабни... ко усран голуб. Ќе оболувам изгледа. Физички... мада и за психички сум на добар пат. Два месеци врска со некој си копук...завршила пред две години, те играл ко нинтендо, те оставил, забременил некоја си и ја оженил.. и не! Не може да се заборави човекот! Не може да се заљубиш повторно, оти го сакаш него и само на него мислиш. Он ти е светиња. Сите курнази бе, мајката. Јас морон, безчувствително едно, клетник бре.. дома да не го примаш. Ќе почнам да ги избегавам. Не иде. Трај да не го расплачеш јадното,а оно едно јадно што е, едно клиќерче што си го има... и на крај јас се чувствувам ко клетник.
Доста интересно. На почетокот на денот малку мрзеливо, уморно, поспано ... Подоцна другарка ми ми раскажуваше нешто за што се заинтересирав, па се разведрив, седејќи надвор на сонцето се чувствував пријатно, потоа зафатено, мрзеливо..
Се чувствувам растафастично , едноставно како некоја патка да ме покакала врз глава , прекрасно чувство ..
утепано..како да ме згазнал воз првин на вежби па после трчање со моето златце (куче).. затоа сеа ногиве е ги осеќам и мислам дека се туѓи а не моии