Ууу не се трпам! Добив, ми се надува стомакот небаре носам петорка, неможам од кревет да се мрднам и главата ужасно ме боли... катастрофа! Единствено добро е што домашниве ме третираат ко sweet little princess и од продавница ми го телепортирале цел рафт со благи
Со полн стомак поубаво се мисли! А па како се спие! Уф, ич да не ви расправам Не знам што ме спопадна, ме фатила таква дремка.... како мачкетината моја се имам сторено: од јадење, на спиење. Боже сачувај. Топли ми се коските, топли ми се прстите и веќе чувствувам дека фаќа пролет, си познавам по расположението. Веќе не сум заинтересирана да седам затворена во четири ѕида. Телото ми бара да одам надвор, да го почувствувам топлиот ветер на лицето и да му се смешкам на сонцето бестрашно гледајќи го низ очилата. Like a boss
Пола ден - Тажно, безнадежно... Пола ден - Бев во шопинг што очекував да ме расположи, но солзите ми беа во очите......
Лошо што морав да дојдам во овој пекол и сепак прекрасно бидејќи поминав 4 прекрасни дена со важни личности од мојот живот..
Со лицето кон сонцето, нека ми стане спектар од бои. иш на бледилото Уствари сите луѓе се сончогледи. Лицемерно или така треба да биде, не знам. Весело и привлечно. Ги ставам мачкестите цвикери и одам! Без љубов знам ќе те проголта овој град... http://www.youtube.com/watch?v=eetGctEcOv0
Како да имам исцепено 14кубици бука...отепана сум цела, се ме боли... настинкава ме собори, но не за долго.
Убаво, исполнето... Цел ден убаво си поминав, после школо бев по продавници. Се беше раздвижено, пролетно расположение. Решив да се почестам и со еден сладолед . Потоа се видов со љубовта моја. Имам и нови алишта па ќе ги носам вечер на роденден сум. Значи едноставно ова ми беше еден од поубавите и повеселите денови. Сакам секој ден да е вака... Но ако биде секој ден, нема да биде истото убаво чувство. Среќата не треба да биде рутина, ЈАС знам зошто .
^ Same here. И има да си легнам за брзо. Денот ми беше преубав, бев преполна енергија. Пресреќна што се разбудив да се тркам со изгрејсонцето, дремнав уште некој час потоа, и повторно успеав да се разбудам пред алармот. Напредок indeed. Сонцето секогаш успева да ме исполни со енергија, феноменално нешто. Дури ни шесте-часа-со-по-5-минути-пауза предавања не ми претставуваа никаков замор, да не ми го укакаше крајот на денот едно стапчесто суштество кое се замислува дека има задник па го прчи како дрта магарица и кое самосвесно признава дека баш е кул да се следат Кардашианс. Добро, што не е во ред со луѓево? Направи да се почувствувам така глупаво, мизерно, осамено.... иако знам дека не требаше да и‘ го дозволам тоа. Бедно се осетив, бедно. И едвај чекав да заминам од тоа место, ме гушеше со своите правила и со својот напнат распоред. Дома.... ме пречекаа куп садови во мијалникот. Кога не? Се навикнав веќе. Бар тука не ме осудуваат за размачкан креон и мрсна пунџа. Уморна сум денес, скапана. Ох, како ли само ќе се одморам: мераклиски за сите пари!