Паметно Незнам што ми е но од мене извира хиперактивност, позитивност, лудило и паметни мисли, но глупави дела Сега се чувствувам доста енергично, па орбитрек хир ај кам!
Гордо. Задоволно. Поласкано. Тажно и носталгично. Жал ми е што се што е убаво, кратко трае, така и ова мораше еден ден да заврши. А такви прекрасни луѓе запознав. Не е фер. Ми велеа - остануваме во контакт, се гледаме наскоро повторно, а јас им велам - којзнае до тогаш дали и воопшто. Задоволна сум, завршив еден куп работа и тоа добро. Резултатите се одлични. Штиклирам. Се пронајдов. Можеби треба да ми биде иднината насочена кон вакво нешто. Поласкана сум, моментот кога некој ќе ти рече - je suis impressioneе de votre matrise excellente de notre langue, бесценето! Не знам дали скромно да склопам главче, или да кажам гордо благодарам, као демек - знаев мацо, али глумам скромноЌа! Ми рекоа, јави се, напиши. Кога јас по ѓаволите не знам да искористувам контакти! Ама ќе почнам, некако, ненаменски и суптилно да им мавтам - еј тука сум, па дај шта даш, кога више нудиш. Збунето. Да се замине или не? Да создавам повторно нови навики и нова средина или не? Не знам утре-то што ќе донесе. Знам само дека полека но сигурно станувам носталгична. Луѓе сме да му се сневиди, се приврзавме ептен. Ах, зошто мора да заврши?! А секој крај е предвесник на нов почеток, поубав? Можеби. Се чуствувам така некако шарено, као цвеќињата ради кои почнав да кивам. Наздравје!
Цветно. Да бев цвет ќе бев некој сончоглед, ама ќе менував бои И ќе вртев кругови околу зграда. Убава, одморена, прошетана, најадена, задовол(е)на, насмеана. Пролет и те како ме отвара! Ќе правам колач со јаболка, ве канам сите на моето минијатурно балконче да си дремеме.
Уморно, депресивно, поспано. Место да сум среќна што е петок... Но немам сила да се насмеам од што сум уморна. Ќе се одморам убаво викендов, од понеделник со нови сили да поправам оценки
Ужасно, под висок напон. Викенд почнува, сонце пука, а јас треба да се затворам дома и да спремам испити. А никако да почнам. Ни сум надвор да впијам од сонцево, ни учам. Само дремам и буљам ко кретен во компјутер. Не иде ова вака.
Ми олесни на душата. Некако. Мада, не е ситуацијата да ти олеснува. Грда е самата помисла, ама многу погрда ми се чинеше сабајлево. Пошто никој, а најмалку она заслужува да биде тотално сама тогаш. Никој едноставно. Се нервирав, заради сите нив, и заради сите нас... себе, оти, од кога уште зборев да дојде тука. Но, не! Не! Добро е. Ете, не било така. Полесно ми е, малку. Али тажно е. Ама ми олесна, а е грдо. И само една смешна сцена од пред сто години ми се мота во глава. Ете и го сега С. нејзин, враг да га изеде Душа најмила.
Ужасно, главата ме боле, нозеве отечени, се чувствувам како некој да ме тепал целата сум здрвена ми треба добра масажа под итно
хм....малце од денот нервозно,малце работно,малце време за себе-од се по малце и така и овој ден си заминува!!...