Исплашенооооо , кучето на комшиите од памет ме извади да не беше врзано ке ме изедеше синџирот ке го скинеше аман шекнат народ
Преубаво. Саксофонистот ми рече сум била единствен студент кој на прашањето Како си? сред колоквиумска одговара со Одлично! И може е чудно, но навистина се чувствувам одлично! Како што си тече пролетва, секој ден ми е се‘ поубав и поубав: времето е топличко, а јас балансирам меѓу работата, учењето и задоволството во јакото кафе со одбрано друштво. Уште еден факт кој ми го поткрена расположението денес беше заклучокот дека со бебево славиме на ист ден: јас роденден, тој именден. И уште од сега ви предвидувам дека на тој ден во оваа тема ќе бидам најсреќната на светот со најширока насмевка развлечена на малите усни. Пролетно се чувствувам веќе некое време и од година во година се‘ повеќе се уверувам дека пролетта феноменално ми делува. Во МекДоналд‘с стил велам I'm lovin' it! Моите обврски за денес завршија, па се опуштам со Валентино Канзјани и уживам во прекрасната миризба на недефинирани цветичи низ цел стан. http://www.youtube.com/watch?v=qrn-tVbdJy4
ГЛУП ден, се чустувам осамено забораено учам цел ден утре имам глуп колоквиум, не ми се учи и за еден час прв пат САМА и со толку безвезно и песимистично и меланхолично расположение ќе си го дочекам роденденот. Добро е барем за 19 ке се соочам со реалноста дека не за секој мој роденден ке има кој да ме гусни и да ми го честита и да ме трга за ушиша па осебен ден, па зелби замислување, па подароци торта свеќички... Ништо од тоа, само книга, кафе и куп поспани лица околу мене , на факс.
Bозбудено и Hервозно Утре полагам за возачка по втор пат,и се молам да не направам некоја глупост како минатиот пат,тие 30 минути ке се мрднам од мозоков
Одлично!! само што се спремив за на работа ми се јавија и ми кажаа дека денес а можеби и утре сум слободна... сега се мислам што да правам денес
Многу грдо. На моменти недефинирано... Денов по гаден не можеше да биде.. Се надевам на подобро утре..
Фантастично кога учиш за нешто што може да се распадне за некоја година и да остане само запаметено во историјата
Mоментално бесно и разочарано...Би искршила се околу мене! А да беше до мене ќотек ќе јадеше тој шо треба! Ретко ми се случува оваа состојба,ама да,се случува...
Прекрасно, а како би на ваков ден. Сонце, кафе, прекрасно чувство, фино лепо си се скоцкав и си отидов на полагање, положив, како смо се надали добро смо се удали