мојот ден секогаш ми е досаден посебно кога треба некаде да се оди наутро морам да станувам секој ден во 6 часот :roll: а на мене ми се спие едвај чекам да дојде лето да отидам некаде и да се одморам
Инспирирано! Крваво! Пргаво! Едвај чекам да шетам после и да возам точак со мачорчето мое! Го најдов блогов на Мика, прекрасна уметница, што црта малечки цртежи во акварел, со тема мачки и девојчиња. И аватарот ми е инспириран од нејзините дела. http://mikaartblog.blogspot.com/2009_04_01_archive.html
Посебно, чудно, милно, возвишено. Имам желба сама себе си да се изнагушкам, да можам би се бакнала и в чело, но мама кога ќе си дојде ќе го стори тоа за мене )) Пак имав чудна желба да искочам скоцкана од дома, не во фармерки и дуксер како во зимава, како обично доцнев на колоквиум, но положив причина плус за идеален ден. Нели ова дејство не може да не се прослави, макар и сам со себе, си направив мафини, цедени мандаринки и кафенце со цимет, си се галевме со сонцето. И се восхитувам на мачкава колку е безгрижна, го сакам тој карактер, ја сакам неа. Се надевам така ќе заврши денов, ви го посакувам ова чувство и Вам
Среќна сум конечно сама дома (без грижи не на уништувам куќава) си ги слушам овие стариве српски бјело дугме, рибља чорба... гласот пуштен до даска и јас пеам
Многу глупаво. Претерано глупаво. Уствари јас и не треба воопшто да се замарам и да тупам мозок, ама па ни сеедно не ми е.
Што знам некако имам испомешани чувства... мозокот веќе ми е преоптеретен од анализи на луѓето околу мене...
Менувам со таква брзина расположенија што сама не умеам да се следам... Catch me if you can ... Трт, Милојка, ха! Добар тренинг за климакс ќе излезе ако не друго...
Гладна сум,само јадам нешто,а стомакот симфонии си свири. Леле,ненајадена стока сум,али ајде опростено нека ми е ,изгледа у ПМС сум.
Уморно, незнам кога ќе спијам. Сега си мислев нешто. Денес полагав, утре пак.и пијам кафе, ама ако не ме држи кафето за да повторам за утре, ке преминам на ред бул. Во исто време и среќно, бидејќи денес положив