Наједноставно и наједнобојно. Убаво и бело! Си стискам раце и си праам онакви пригушени извици на радост и возбуда у себе, иииииииии
Изгубено, за малце ќе тргнев в град по папучи и пижами.... слатко се изнасмеав и кога ги видов резултатите се почувствувам прекрасно.
Ко саксија на балкон. Она, расте цвеќе од мене, ама тесно ми е. 7 континенти, а ја никаде не сум. Ме спопаѓа номадство. Грабам точак и одам да лажирам театар пред овој свет!
Убаво, убав ден денес. Си пазаревме со мајка ми за свадбата, ќе се истепавме за малку, ама нејсе, се заборава. По пет минути ко ништо да не се случило. Само со мајка тоа може, тешко со некој друг.
Со наплив на оптимизам. Знаеш дека запролетува...хм...чекај,знаеш дека залетува,пошо е факинг крај на март,а е топло ко крај на април,шо значи,залетува веќе,нејсе...знаеш кога по дебар маало поминуваш замирисува на летно манџиче и некое свежо зеленчуче,залупено. Знаеш дека ќе биде се во ред кога ќе ти легнат пари на сметка. Знаеш дека животот е само твој кога се наведнуваш над него и го гледаш низ бушавата коса. А веќе низ завеси се промолкнал денот и ти вика време е да си возрасен,магијата ја нема,ајде пепелашке. Знаеш дека се ќе биде во ред кога те буди со насмевка... ...се е во ред кога реалноста ти мава воспитни и се враќаш во колосекот. Си правам закуска,пијам кока кола и кафе,отворив прозорци и мечтаам за лето, темен тен. Кафе, сакам кафе! Многу кафе! Се со кафе! Кафе за осаменост, за друштво, за книга, за среќа, за љубов. Кафе со него,без него...на два краја од Скопје. Си живееме... во надеж. Се враќам во форма со кондиција,вечер пак. 6 км за 45 мин. Е не! Се прашувам кога ќе бидам лигавешка од жена. Изгледа никад! Многу долги врски,малку љубов,многу кукавичлук да се разидат и да зајаваат по животот храбро. Е ако де,јас не сакам и не можам. Не е ствар на удобност, туку комоција во својата кожичка. Ако љубиш дукати?! О да,особено кога имам шопинг листа...надреалиста. Некогаш лажеме за пари,а почесто за љубов,но најчесто за секс. А јас сум ти... на антигравитационен погон и живеам од љубов и пажња од еден човек! Уствари лажам и за бензин или па и ќе си купам мобс кученца. Бензинот си ја држи цената. Ебате смислата за економија. Алал! Се чудев прееска на зданието кај мнт што се тие како фигури од сапуно горе? Врв на барокот. Делуваат готски ако се обојат во сиво или црно,ама не,овие ...ма не сапун,изгледаат како од путер. Градов е магија човече. Ми се чини ако икад се мужам,само бившите ќе ми ја праат атмосферата. Сите ќе си ги поканам,до еден! Не се многу де! Ама сите се дечки на место! Место деверуши,јас ќе си имам...бивши шо ќе ме чуваат и дадат на мужот ми! Е тоа е љубов бе дечки! Ти трпат овулација,пмс, лош ден, дебел ден,лош ден на косата, жалби и поплаки за секојдневие,љубов и пари и ... ништо не очекуваат за возврат,освен денот кога ти е тебе све тамам и да им се најдеш за истото! Љубов на куб! Сите до еден се прекрасни. Е оти се бивши?! Оти боље сме како пријатели,другари. Да се шетаме у парк,јас у сукња,тие у патики и тренерки, да одиме у кино,театар,да се опиваме и случајно заспиваме по долги ноќни филосовски разговори. И не сме за во бестрага! Никако! За во бестрага сме јас и еден човек,со кој запира времето кога ќе се сретнеме било каде на планетава. Тој гледа во патиките негови,а јас гледам преку неоговото раме и никако да се сретнеме очи во очи. Јас не се плашам,ич. Јас едвај чекам или да се степаме или да се сакаме. МладоС...веројатно ќе се свестиме кога ќе треба да се задомиме. Кога сериозно ќе и пристапиме на идејата да одиме на пауза за топли оброк заедно,да купуваме јал памперс,јал кан бебе, дали да се вика Давид или Голијат. Ма тресам. Имајте убав ден девојки!
Како денес????????? СУПЕР ми оствари една желба што подолго си ја мислам и фала богу не се замарав денес со школото