Потсвеста субверзивно ги уништува моите дилетантски обиди да го замолчам внатрешниот глас,кој не покажува ни најмал интерес за моето ментално и физичко здравје.Ми испраќа отровни сонови и цел ден имам чувство како да сум изела еден килограм песок.Не би можела да поднесам повеќе блокади,не сум клаустрофобична но ме гуши нешто деновиве.Ми треба воздух,да се изнадишам малку,во секоја смисла. Посакувам да беше дојдено времето когаќе можам да спијам со отворен прозорец.Во меѓувреме се трудам да пронајдам лек против самообвиненија и самосвест за направени тешки кривични дела против својата среќа.Не против грижа на совест,немам такви проблеми.Ако пронајдам,го патентирам и се збогатувам.Не се срамам да признааам дека сум необично креативна,али на жалост потполно непродуктивна. Кога би била дете би пошла на некоја вртелешка и на неа би поминала неколку часови.Кога би била баба,најверојатно би спиела.Единствено за мојава возраст и за мојава состојба немам решение. Но,без оглед на се ,секој ден животов ме чести порција најсладок десерт кој е ефективен убиец на сите обиди да се избедирам и депресирам.Фала му на бога за тоа.Што би се рекло,ако судбината ми мава аперкат,јас ја нокаутирам.И иако е крваво и болно,има моменти кога е забавно.Не сум мазохист,туку така е....
И после се, нема сонце, има ветре, доста е тоа, и тоа би било некој напредок. Уморна од многу работи а никако не можам да најдам одмор ни мир ни спокој....
Конечно наспана, физички одморена. Мислите ми се на друга страна, ги одмарам и нив од сите преживеани стресови.
Препородено. Како да се разбудив од еден лош сон и сега, со насмевка на лицето и силен ентузијазам тргнувам кон подобро утре за мене. A најинтересното е тоа што никој не го забележува тоа моментално, што ми е и поентата. Да ми заврши овој бурен период (мн обврски), па планирам и да си најдам ново хоби. Вртењето нова страница можело да биде и безболно
секако 5 мин се смеам, 5 мин плачам, па озбилна сум, па ме фака дремка, па стомак ме боли абе се во исто време чудо сум јас, ни самата неможам да се разберам денес, не па ли некој друг да ме свати пфф бог да чува
Уморно ...навистина многу уморно...и времево уште толку утепува.само кревет гледам...фала Богу што е викенд ...конечно спиење ...