ме жегна малце една информација вака доцна увече, а иначе цел ден си бев расположена, само малце во искушение и неизвесност сум
Цел ден ждригам како крокодил. Ај што прво решив да јадам само крушки и пудинг од ванила преку цел ден, ај иди издржи! Кога поминав од кај Жужу, ѓевреците ми се залепија за нос. И купив еден, нормално. И секако, после тоа дојде следната желба - а да си купам и едно Аргетче минимално, од туна и да си го јадам со ѓевречево? Решено сторено! И така, од желба за виткост и воздржување од многу јадење, денес бев права биволица, кравица, овца, свинче од сто кила, зошто изедов СЕ’! Да не набројувам и случајно муцнати чипсови од колегите и некое затркалано срценце со кајсии од моја пичола. Бре! Дебелааааааааааааааа. Тотално. И за чудо, немам некоја вина, или грижа на совест. Онака сум, ко некој друг да ми ги мерка облините, мери, премерува и вика... Ахам, 103 е обем на кук, топ си, авангарда си! Дебело, обло, ќофтесто. За гмечење. Ете така се чувствувам.
Крајот на ноќта не ми ветуваше многу а ми исполни се'. Тој е "виновен" што ќе заспијам со насмевка на лицето...
Ненаспана и изморена, а со милион обврски денеска... Па сега лезетски си го пијам првово кафе за денес, и користам момент да се поврзам со светот.
како да сум спиела 10 саати и како да сум јадела незнам коллку, исполнета и полна со енергија сум, а уствари 4 сати сум спиена и јадена само грицки малцееее
Моментално сум во исчекување на една информација, што може да биде добра, може да биде и лоша...Така да, се чувствувам малце како потресено