Пријатно, убаво, опуштено, среќно, бев во пријатно друштво. Кога дојдов дома, дознав за настанот вчера вечер. Грозоморно ...
ауууууууу не ми се верува.сега се вратив од излегување.со бившиот и девојка му на иста маса седевме.ама сепак си поминав прекрасно.никој не ми ја уништи вечерта.
Темно и мрачно на најсветиот празник. Мирот е скапоцена работа, јас мојот денеска не можам да го пронајдам.
Денес? Само што се разбудив Се чуствувам прекрасно,уште ме држи таа среќа од синојка Те сакам најмило!
Времево ме утепуе, секогаш. Даун сум. А тоа шо немам некоја добра книга дома, уште толку ме доутепуе..Имам неколку, кои што треба да ги научам, ама настојувам да го одложам нивното читање...само не знам до кога. До 5 до 12? Јеби га, и парадокс, и иронија, и сВе остало, кога сам себеси си претставуваш предизвик. Не ми се ни твори, а синоќа умот ми беше преплавен со сјајни нешта. Штета што не ги запишав, иако знам дека имам меморија, како златна рипка со амнезија. Буквално! А и благо ми се јаде де, мама прави нешто во кујната...мириса, како да не приметам! А и вчера, кифлички...злобна таа, ме измачува. Ај ќе дојде и 12 часот...па се ќе изедам. Мрсни4ко. Обично, не ми се јаде, немам апетит. Ме тераат да јадам, како мало дете ме лажат. Среќа што имам малку напред, и малку повеќе назад, инаку би ме обвиниле за анорексичност. А не сум. Само, не ми се јаде - понекогаш. Ко за инат, терсен човек, сега ми се јаде, многу, оркестарот во мојот стомак е желен за внимание, мислам хелоооооу, џез фестивал. Мама се обидува да ме држи подалеку од благото..Не знам колку ќе и успее. Немам ништо паметно за кажување. Сакам да се вљубам, интересни ми се останативе гулапчичи, ама не иде. Нема во кого, сВе тоа се идиоти, кретени, мајмуни, коњи, водоземци, птици, амеби. Та4ка. Јас мразам 4-ворки. И мразам да лупам глупости, ама ете. Лупам. Зошто? Затоа што не знам да правам ништо подобро. Едноставно е. Едит: Да, нека врне цел ден. Јас си сварив чајче, до мене имам ќебенце. Малку поезија и може да заспијам. Глупо тмурно болно, за метеопат ко мене.
Прилично лошо-не знам што ми е, немам желба за ништо, само ми се спие...ќе да е времево проблемот....
катастрофа со затнат нос едвај дишам ме болат сите мускули и коски а и времето не ми се допаѓа вака намуртено претходната година за велигден ваква сега пак ...... неможам
Си планирав за Велигден да шетам по цели деној... Ама не бива времето, тмурно и готово да заврни Не е фер па