Апатично. Би полевала цвеќиња вдолж булевари, онака. Ми се гувее во кревет, во неговите пижами три броја поголеми, ми се цуца чоколадно млеко и не ми се мисли на ништо. Доживувам експанзија од нервози поради многуте информации и лоши вести деновиве. Мир, мир му треба на овој мој ум.
Тажно. Измешано некако. Не можам да се израдувам асално на внуката, а не можам ни да се натажам асално за децава. Едното ради другото и обратно. Во секој случај воопшто не ми е убаво. Не го ни осеќам празников ко празник ради убиствово.
Се чувствувам како животно, оти само тоа нема мерка колку јади, па така и јас. Пробај ова - она и после викај го Екимот со окната и укалото да помага
Се чувствувам прекрасно..после цела недела постење..изедов цело чоколадо и некако се чувствувам исполнето.
Морам да признаам дека и додека бев во Црква, паметот ми бегаше накај децата што настрадаа. Ова искрено и од срце го кажувам, па поради тоа ми се измеша еуфоријата со разочараноста. Бев прилично збунета, среќна, разочарана, исплашена...Многу измешани чувства. И друштвото запримети дека сум некако отсутна. Значи mixed feelings, ама се надеваме на подобри времиња, тоа е она што моментално ми ја чува насмевката на лицево.
Збунето...Толку, ама толку многу прашања ми се вртат низ главава што мислам дека ќе ми пукне. Денот би требало да е прекрасен, а наместо тоа јас се замарам со глупости кои испаднаа од глупи луѓе, ало Ано свести се! Спремна сум за добар туш, па за добар ручек доле кај баба ми, не дека се радувам на нив, далеку од тоа, можеби и ми треба добар ручек да ме дигне малку, а може и ми треба само Скопје и тој, а можеби па воопшто не ми треба тој, а за Скопје, очајно ми треба! Животот, луѓето и простите навики на поголемиот број на мои граѓани не се сменил, се влошил а мене ми се лоши баш сега од нив, на Велигден де нели. Денес си одам, не можам да дишам тука, мама и тато извинете. Одам да дишам и да јадам.