Се чуствувам како да ми е смачено од се и сешто. Ми се лежи само, ме тера на спиење и ништо не ми се прави. Како времево така и јас
Денес најразлични мисли ми пролетаа низ главата. За среќа, они лошите не се задржаа. Само убавите останаа. Денес бев и сив облак, и расцутено сонце. А после исцрпниов ден, легнувам во постела со еден куп мисли што ми тежат. Премногу обврски и планови, а премалку време. Ако можам некаде да си купам време, кажете ми. Очајно ми треба.
Несигурно. Како е можно да сум толку нерешителна, да не знам што сакам. Вознемирена сум, не знам дали го направив правиот избор. А битно е да е прав.
Сончевите зраци ме заслепеа откако утрово ја тргнав маската за очи. Бре што е убав денов! На ваков ден човек не смее да биде нерасположен! Доручек збогатен со витамини и растителни влакна, Florence + The Machine за позитивно расположение и кафе со млеко за расонување. Ме чека долг, ама убав ден Како се чувствувам денес? - Сакана, заљубена и среќна!