Прво бев нервозна,па насмеана и на крај си плачев цел саат а и самата незнам зошто,само знам дека ми беше многу тешко па морав...
За греота,зоште едноставно не го споија празникот? Не вака да се мучам,башка у болови чекам да влезам у период.За греота сакам да одлетам,некаде на Филипините и ич не ви кажувам кај сум,барајте ме
Некако сум фамилијарно расположена. Чудно.. Ваквите празници (па не толку 1ви мај, ама ете скоро сите празници во кои можеш да бидеш со фамилијата) ме прават среќна. Не знам зошто се чувствувам исполнето на овие празници. А за утре.. Искрено нигде не ми се оди
Некако одморено... Викендов бев во Охрид и добро ми дојде малку спиење. Ама нема многу време за одмор, да си го испијам кафенцето и се спремам вечер пак заминувам, да го прославиме 1ви Мај
Кога човек стои и оди цврсто со своите нозе се чувтсвува како светот да го гази! Како светот да го има и владее со него! Е тоа сум јас денеска. Сеуште чувствата и емоциите варираат во текот на еден ден, но се намалува таа тензија и притисок, се намалува самото менување. А сега ќе се чувтсвувам испотено, орбитреку идам!!!
Болно, со лента за депилација си го откорнав мевцето над усните Ма остај тоа, 10 минијатурни тракички за брк 180 ден. и после чудете се зашто жените шетале со недепилиран брк
Неодредено. Не ми се оди на работа ич. Ми се јаде скаричка, ми се има секс. И тоа може да си го остварам, ама после него да гувеам, а не да одам да решавам проблеми комуникациски! Евентуално. Така. Ајде, труд или трут е прашањето сега.
Фино. Си се наспав убаво,станав појадував голема чинија салата , сега ќе си правам домашен спа третман Ќе си ја наполнам кадата,омилената купка, ливчиња од рози,ќе си уживкам добри 30-40 минути. Потоа скаричка со моите во мојата слатка домичка,па мала прошетка до манастир. Вечер женски состанок со најомилените комшивки солзи ,смеа ,малку трач ,кафенце за друштво, грицкање сончоглед. Зборот ми беше се чуствувам убаво ...