Денес...денес ми иди да се акнам од ѕидот... Толку многу сакам да му пишам,ама нема...Незнам ни шо,а и секако требаше тој веќе да ми пишал.Уште ме држи во неизвесност,а тоа ме убива,значи таква тортура психичка ми удри,се извадив од колосек скрос.Ама само да се смириме,ќе види убаво... Вааааааааааа заминав пак да читам
Комедија од фамилија сме. Не, не,тоа некој чуден ген кружи у крвта наша. Мора да се спречи да не се шири наоколу Тоа попот чати таму, молитва кажува, ветре дувка, свеќи се гасат и сите ете ти: штрак-штрук по сто пати со опаљачи човече. Па воздишки, па ух, па ах, ох, нервози, очи превртување, мумљање . Немаат мир не. Црви им ги јадат задниците тоа е. Увек погрешното да се прави. Тоа е таа ненормална трапавост, што кружи у ова крвта. Да. Ским си такав си ама..... ај избегај од ова Крвта вода не бидува цц И така. Први мај фамилијарен на гробишта, ама смешен беше де. Освен стартот. У иста секунда распукала Шар Планина имаше. И сушата на мајка ми распука. 40 дена потоа, попушти мушко срце. Мада, многу црни сценарија ми врти во последно време. Глупо ми беше да и го обелам нејзиното со мојата приказна за моето идно хемингвејско заминување Ах бе, ах. ццц Али да, и јас не сакам така-тогаш. Сега само впечатоци прибирам редам у споменаров у глава. Размислувам за тоа 40 дена. Размислувам и за тоа колку е само фино да си: „личност која е најзаслужна да го придружува на 10годишнината од...“ Добро е кога си најзаслужен. А, замисли да беше меѓу оние помалку заслужни или не дај Боже да поинаква конструкција имаше реченицава. Вака договор. Плукнеш у рука, стиснеш негова и партнери сте од денес. Најзаслужни сте си. Пампур бе. Види ти. Шамарење си треба Док. Шамарење. Изгледа за да си го имам мирот, мора прво војна да си кренам. Не бидува нешто математикава. Озбилно поима немам како да се чувствувам. Занимливо е како тоа идеиве негови, тоа начинот.. абе се“, се’ што му се мота у глава... како мисли дека ќе се развијат нештата?!
Прво разочарано, многу и тоа. А сега веќе си викам, ма да сме здрави и живи, па за другото како треба нека биде, џабе ќе го мислам кога моментално ништо не можам да направам.
Уфф...Обврски преку глава...Колку им се восхитувам на малите дечина што цел ден се врткаат околу зградава...да немав олку обврски радо би им се придружила :/
И јас капната од вчера. Денес си го резервирав денот за одмор(отсуство од часови е синоним за одмор) иако тоа требаше да биде вчера. Сонцето не измори, целодневното врткање навака-натака и немањето време за одмор за да не се испушти ни еден ден од цаките и анегдотите што се редеа. Полни стомаци од хранопровод до дванаесетпалечно црвено, поцрнети рамења и отечени нозе резултираа од први мај. Ама ако.. за добар провод со добро друштво не е битно местото, ниту времето, а уште помалку физичката болка. Нека ми се смееат вака уште многу денови..