Уморна и среќна. Нема поубав допинг од шопинг И тоа со другарки, па ручече, муабети, смеење. Среќна. Па и на мачорот му купив подарок, едвај чекам да го видам, да го израдувам.
Уморна сум...од денов, од животов, од неа...Супер бев цел ден, ама ситниците можат да те уништат, па дури и две минутен разговор може да те разочара...
Уморно, како да ме превозиле 10 воза, но сепак среќно бидејки си го наполнив мешето многу убаво со најубавите компирчиња од Жужу
Хмм, па отидов на школо, изморена и успана. Ај некако ги преживеав првите 3 часа, па за голем одмор неверојатно се изнервирав (несакам да коментирам ), па после отидов дома, се одмарав, па поручек заспав, пред 15 мин. се разбудив и сега незнам што да правам... Јас стварно незнам што да правам, се ми е многу, мнооогу досадно
Првата половина од денот бев среќна бев на кафе кај една другарка што ја немав видено подолго време ама втората половина ужасно нервозна и тажна сум...
Како утрински каубој. Со ласо фаќам сончеви зраци. Ме болат сите мускулчиња на ноџињата, газот, рацете. Што од возењето точак, што од џогингот, што од сексуални деланија. И сега мирувам, со идеја што да готвам за појадок? Многу ранобудно. Премногу.