Утрово ми заѕвони алармот, а откако го исклучив, ми требаа околу 40 секунди да сфатам кој ден е, зошто ми е навиен алармот и какви обврски имам. Откако се свестив какви планови имам, си сварив едно турско со млеко, отворив прозор и си пуштив радио. Куќава е празна, а мојава улица е некако тивка. Денес се чувствувам по малку поспана, ама среќна!
Денеска се чувствувам како и секогаш, малку напнато поради тоа што треба да го направам во следните денови но сепак, вообичаено.
Имам подочњаци до уста, умирам за спиење а утре сум пак на училиште, цела сум искасана од комарци и најверојатно и вечерва нема спиење плус тоа имам чуство дека главата ќе ми експлодира во секоја миг. Ќе полудам!
Знаеш дека секој може да те игра ко што сака, кога една педа, една жута топка вунеста, што баш ти си ја прибрал од под тезги дур била само една трошка... те турка од фотеља за да оптегне пупа нејзина голема. И онда и стануваш за да се истегне скроз и седнуваш на друго место.. и ете ти, и таму ти доаѓа да те истурка со нозе. Стануваш од стол од маса, она ти седнува и не се трга. Е, до каде дојдов. Е! Нема место за мене во оваа куќа
денес посебно се чувствувам,одделив време за моето хоби,и ми се разубави денот,си шиев,и испадна супер,ке го ставам во друга прилика она што ме направи денес да се чувствувам среќна
Хахахха уште од сабајле конфузно. Јас задлабочена во некој сон а мајка ми гласно кога ми свика да станам...кога рипнав одма: да, кој, каде, лелеее каснам, и сега... аа извини, лелее... хахаха сите тие зборови наеднаш излетаа од мене А мајка ми :Што ти е на тебе кај треба да одиш? Тоа уствари нигде ама мислев дека е сабота бидејќи тогаш треба да одам негде.
збунета а и депресивна ми недостигаат моите едвај чекам да си дојдат, дури сега сватив колку ми значи мајка ми.
Exhausted! Шопингот е напорна работа бре! Не знам како може да биде релаксација... Сеуште не можам да ги смирам нозете
Прекрасно... како воз низ Нормандија, мирис на багет и чај од шипинки...ако чувството треба да го опишам. А ако се потрудам да внесам вкус, тоа ќе биде некое крем бруле, а може и просто, тортата на мајка ми. Ако како што беше... познат мирис кој се спојува со мојот и ми ја гали косата. Скопје,грда,куќо стара...уште колку пати ќе те сакам кога здивнуваш на крајот од денот. Кога ми ги даваш најубавите неба на светот. Мислам дека покрај се останато, ќе живеам за тие хоризонти, некогаш пурпурни,некогаш ванилини, некогаш пред дожд,мрачни..денес отаде и виножито,од ваму портокалова воздишка и мирис на влажни дрвца и асфлат. Да можам би си наточила парфем со мирис на дожд во пролет и дожд во лето... ама од Скопје! Грдо си и досадно,често и лицемерно. Е се најдовме,се сретнавме,се допревме нежно со носињата како мачиња на покрив... реков не случајно те мислев...и сега мислам, дали е вредно да бидам таму кај што реков да бидам вечерва или ќе биде врвна глупост и неуспешна приказна на пепелашка. Се чувствувам ...ко дете за она кое го сакам. Тик-так...5 минути до решението. Бегајќи од *крем де ла крем*,кастм паб ми го запоседнаа момчиња со кошулчиња,девојчиња со штикличиња. Ко да им беше тесна Ленинова,Македонија и кеј... ај ќе ве молам...марш?! Ама ете така...мене сепак друго ми ја наполни душава... Убајна... Азра дома,сон или ти и се што било ветувачки?!
Да не бев преморена ќе си умрев сега! Одма! веднаш!!! Ал и за тоа да се деси бре мораш да се помачиш. Фак ит! Ништо не иде лесно у барава аман. Мора да се зацапаш у кал и да загубиш ципелица, две по пат. Мокша, шамани дрн, мрн.. пф! Нечу више да си играм у тој филм!!! И што? Испаѓа, шо ќе ми мене да читам тие ствари, гледам, набљудувам, сецирам људи, мозоци, души. Та јас си имам бре природно всаден радар! Антена, суперквалитетна... фаќа прием са све стране! И, док ме секоја будала зрачи, јас ќе ја зрачам уште повеќе. Ете така! Не бидува поразлично. И чувство едно смрдено, и претчувство уште посмрдено и сон сонував мила мори мајко - у ритам, а поима си немам дали постои стихов у некоја песна. А, ќе си умрам млада невеста.... оти, потоа имаш едно кратко а, па едно завивачко аааааа! -ааааа! Аааа! ццц Се пореметив. Остај. коската ја фрлија. Јас ко најс доги ја продушкав. Позната ми е. Си знам за неа од поодамна, пак и си ја сонував пред месеци, месеци. Тужна и ружна е. Горчлива, ама... знам за неа.Не е изненадување де. Фак ју мокшо! Ох, сакам мир. Имам, ама не е баш таков ко што сакам. И... сакам ноќ убава. Ваква да е. Малку студена, малку топла... огинче, шаторче покрај огинче, цепеница од дрвце пред огинче, јас во вреќичка умотана, седната на цепеница пред огинче. Стапче, долго дрвценце во раченце. Колбавче убаво миришно, наденато на стапченце се жари на огинче.... Може? Секако. Ама, работата е што не го мислам делот... денот претходно. Не го мислам - денот потоа. Ете, тоа е проблемот. Момент само. А, момент само не е бре доволен бре. Не! Камо ми другото Аш! Епа марш бре жабо. Марш!
Само еден збор... ШОКИРАНА сум !!! Wow , е ова не го очекував... Не ми се верува дека тоа се случи, страшна работа... Е сега сакам некој да ми објасни, ШТО ТРЕБА ОВА ДА ЗНАЧИ ??? Многу ме погоди ова што го видов, незнам што се случило ама не е добро. Не е фер. И да, се чувствувам мизерно, депресивно, нервозно... Страшна работа, немам коментар