Овие два дена покрај доброто расположение многу се чувствувам искомлексирано.Иако не сакам да си го дозволувам тоа бидејќи влијае негативно на мене,така ми прават некои коментари упатени кон мене. И секако негативни инаку како би ми направиле комплекс.Добив неколку коментари во овие два дена за мојот изглед,а коментарите ги слушам веќе со години,за тоа колку сум била слаба и ред други работи.И ај ќе речеш домашните или роднините остај тоа ама и од личности од улица...е тоа ме докрајчува. Овие денови тие коментари ми беа капак на се.Ах не смеам да бидам толку осетлива ама не можев да се воздржам од солзи кога сум сама.
Како липа во мај...расцветано, разлетано, миризливо. Добро де, некои може и алергија ги фаќа од мене ама таква сум. Среќна.
Вакво чуство ни во пмс немав , се чуствувам веќе неколку дена безвезе не сум депресивна али после страшниот напад на паника се осеќам многуууу грозно . Незнам ни јас да опишам чат пат срценцето забрза како некоја локомотива а освен тоа нападот ми дојде и ја незнам од каде може што се грижев за братучед ми што ја закачил глупата анксиозност пошто го знам тоа чуство... , или пак само период, хмм паника немав и ја незнам од кога таман се пофалив и ете ти ја ме клоцна во гз. Ако ке помине и ова на целиот оптимизам што го имам ништо не ме совлада па нема ни ова . Ехх жив човек што се нема да го снајде али пак ќе речам ова ништо не е, какви се маки постојат по светот а јас со паники некој безвезе се замарам, абе оно што изморуват, изморуват ама животот е тркало па нема се да биде подмачкано мора да се научиме како да се справиме и со лошите чуства. Кај мене проблемчето е што веднаш однемам обврски психата почне да мава, е мава ама и јас ке мавам ... И да не должам многу нешто се распишував не личи ова на мене ама морав да се истресам малце, утре ке биде поубав ден, секако дека ке биде златцето ми доагааа ,,,,,, ЕДВАЈ ЧЕКАМММ имајте убава ноќ феминки
Ко летна хавајска орхидеја. Едноставно, топ! Дури и шумот на морските бранови го замислувам и нежно ми ги гали увцињата. Звучи нетокму, затоа што нит шум, нит бранови има, ама, коа викам јас, како ќе ја истренираш психата, така и ќе ти биде, сите ме заебаваат. Е на! Знам дека постојат и установи за таквите, ама - абре топ ми е топ! Она чуството кога многу ти се мочка, а ти стегаш, и после кога ќе го пуштиш? Е баш така се чуствувам денес.
^ Гледам јас нешто топло,а непријатно ми оди од прееска! Го пушти а?! Не се чувствувам. Затнат нос,затнато уво,едното око затворено од оток. Не,не се чувствувам,ништо не чувствувам. Да сум на темава,да си кажам.
Нејќум до детаЉи да идам, ама асоцијација - ЛАВА! Па сеа ти види Се чуствувам ко Попокатепетел. Везув. Кракатау! Кој од овие е активен бе?! Е така се осеќам. Само се надевам нема цунами да предизвикам со ерупцијава
Денеска се чуствувам исполнето, среќно. денот е прекрасен, животот преубав... Се чуствувам слободно, давајќки го секој чекор , чуствувам како да сум опкуружена со сите што ми се драги.....како да се до мене. Прекрасно чуство и не сакам да помине
Супер... Се додека не го видов - ми се пресекоа и раце и нозе и глава .. и СЕ И да, многу - премногу се осеќам уморно од СЕ! Од школо од брз начин на живот... Ахх леле...