Многу убаво. Денов ми помина баш супер. Посебно ме израдува случајната средба со поранешната најблиска другарка од основно. Сменето е се', баш се изненадив кога ја видов. Се расприкажавме 15-тина минути а-у, пред да требаше да тргнам. Во моментов ме болат малку листовите на нозете и мускулите во бутовите, ама ако . Сума сумарум, I feel goooooooooooooooooooood!
Преморено не седнав на газ, денес што попрво да завршам на крај се си завршив. Во глобала мразам денови кој ми се организирани до максимум без ни минута одмор
Кога рано утрово станав, се чувствував малку поспана и млитава. После шест часовната работа без престан, се чувствував како скапана тиква! Ама после саат ипол дремка и едно јако кафе, се вратив во нормала. И сега сум изнервирана што времево ми го расипа планот за попладневна прошетка и сладолед
Поспано Кај и да е ќе заврне,па таман ќе ми се погоди за спиење,само жал ми е што нема да се видам со љубовта
освен тоа што овој месец ке ми биде со работа,значи малце уморна сум али исто така и некако разочарена и тажна...
Лошо, многу лошо. Разочарано од најблиските, од сите освен од еден човек .... А сега треба да ми бидат најсреќните денови....да си ја спремам свадбата и да ја чекам со нетрпение да дојде... ама не било така едноставно.... Можеби ќе ми помине..... Се надевам
Дефинитивно ненаспано...Среќна сум и мотивирана за она што ме чека, знам дека ќе биде тешко, ама се чувствувам спремна за сите предизвици...Многу мешани чувства имам денес
Се чувствувам чудно, некоја напнатост. Ме стега во градиве, како да се плашам од нешто. Само убаво да помине денов, не знам што е.
После вчерашниот напорен ден, денес си дозволив да спијам до 12ипол и убаво да одморам. Цврст сон е еднаков на продуктивност. Денес се чувствувам наспана, одморена и добро расположена. Имав многу убаво попладне и се надевам на уште поубава вечер