Како машина...Стисни дугме и завршувам работа, нема одбивање, не сум во ситуација за тоа Ајде уште малку и
Како малото окезено девојченце со тазе никнати двојки, плавкасти кикици и невини мисли. Како јас пред 18 години.
Феноменално , конечно дома после 4 недели ноќна смена сега славам. САМА ама гајле ме супер ми е и си се потсеќам на старите добри времиња http://www.youtube.com/watch?v=1n-00WWZFF4
Демек гурман фест,ама круг налево,но имаше убава пишана увертира која мене ноќта ми ја претвори во магија... Како стари пријатели,долга прошетка,нероматнично пивце,Челзи шампион,Барса ќе ни донесеше возбуда, ми ја пикна раката во коса и ми промрмори многу убави зборови на увце...си ги соблеков штиклите и си седнавме покрај езерцето во парк. Разговор бескраен,како некогаш... Мислам дека најголемиот комплимент те и најчестиот кој го добивам,цитирам-ти си ненормална,па ти како што си ненормална и ете така вечерва,неколку пати... Танц под маслинка што мириса на детство,без музика и само желби. Ми рече дека сум необична,често нереална да се замисли,немирна и чудна,дека имам избор,затоа бегам и се нечкам,ама повеќе од се би сакал да сум му најсилна причина да облечам бело... Мислам дека го инспирираше свадбата во Томче Софка,а застанавме да го видиме моментот на фрлање бидермаер.Искрено,да умрам ако ве лажам дека не го рече ова... и како да немаш љубов во себе,а да не можеш збор да кажеш зошто голташ его лавовско (а и по мојава *фризура* коврџа...гривна,марфи ме заебава,а баш ја сакав права).Ете ветив,кога ќе бидам сваќа со статус,ќе се борам до последно за неговото височество - бидермаерот...(евентуално ќе го рогнам,што не е евентуално,туку најверојатно,а може и со глава ќе го мавнам шампионски,а од тука заклучете дека ... ветувањето ќе биде скршено како што многу пати сум го направила тоа кога се работи за љубов...врски...поврзување...). Денес е шампионски среќен ... и не му замерувам на лудостите,само сум загрижена да не изгине од таа лудост. Како втор најбитна работа,после самитот во нато,ми ги бендиса чевлите. Иснт хи а кипер?! Празно Скопјенце...кој знае каде се сите? Сакам да сум маче што остава каливи стапалки на шофершајбни... Ред ил два,па во длабок сон... А сега...нешто не ми е добро...прашинки среќа дувам,иако залудно...животот продолжува... Ме сецна реалноста,стравот е тука... Освен да посакам кога е веќе против сечија воља сега,да е добро во иднина....
Уфф од вежбите вчера некако не можам ни да седам,ама за убавина и ќе си трпам,сакам да си се погрижам за мојот изглед и летово да блескам како лани...
Разочарана сум од себеси . Викендов планирав да го поминам учејки за предстојната недела која ќе биде со многу тестови,испрашувања иедна писмена. А јас времето го потрошив залудно дремејќи на фејс, и гуглајки неважни ствари. Е сега цела вечер ќе ја минам со книгата во рака, среќа што сум втора смена .
Малку глупо оти имав време да учам ама јас не сакав да седнам и да научам. Глупачка бре. А пресреќна по доооооолгото смеење, зезанции и истрескани глупости.
на почетокот на овој ден, да Ви посакам ДОБАР ДЕН Исекако да споделам со вас едно мое чувство Некогаш се прашувам... зошто ... зошо јас ... зошто јас сум.... зошто јас сум овде...а ти ... а ти си... а ти си таму....каква клетва ке да беше или благослов... дали казна или поука...ова време што го минувам сама без тебе.... ова време што го минуваш сам без мене... оваа далечина што прави невидливи граници... но тука е на чекор ... не можеш да ја прејдеш ни да ја пројдеш... се нешто те кочи... те обврската... те денес.. те утре... па ајде уште ден... недела... месец... а година се стори и две ближат.... и животот врви...јас ваму... ти таму... само една мисла мегу нас...ке биде подобро утре...денес ... фала богу помина... се уште сме здрави... живи... и сите на број ...
Oдвратно и ужасно,како некој да ме удрил со чекан по глава Bо ваквите денови не можам воопшто да се поднесам,ми доага да се затворам во една соба,и само да спијам,да ги избркам овие ненормални чуства Mислам дека почнаа да ми се случуваат работите од кои се плашев најмногу
Ужасно! Цело тело ме боли! Уво ме боли, грло ме гребе, кашлам ко коњ, а треба уште да одам во школо. Да немавме толку тестови и испрашувања ќе можеф дома да си седам, ама вака...
Како цела ноќ да ми висела чешма над глава и да капела, капка по капка по капка, се на истото место (рамномерно, секундарно, како стрелките на часовник)