Ненаспана сум и тмурна... барем додека не го испијам првото кафе. Барам низ дома врвка за мобилен, за да му го закачам телефонот на татко ми на врат! И да го носи каде и да оди, затоа што не еднаш му се случува да го заборави дома. А пациенти си ѕвонат, и ѕвонат, додека не цркне телефонот од таруликање. Колку убаво будење...
Ранобудно. И си слушам Incubus. Me возат, ми прават пријатен амбиент додека си ја работам концептуализацијава на песните и уредувањево фолдери. А и Брендан за подѕирнување не е лош. Мјауж! http://www.youtube.com/watch?v=8295rOMvtQI&ob=av2e
Уморно,ненаспано,ме убива ПМС,цела вечер ме напаѓаа секакви глупави мисли ...денес не функционирам никако и немам енергија за ништо.Уф ова ќе биде еден лош ден
Денеска сум среќна како и секој ден но денеска нема прочина онака цела ден си пеам и се смеам како некоја будала без причина
Мизерно како времево проклето ! Кивам не знам од што и очиве не можам убаво да ги отворам после дознавам нешто за факултет што знам дека ќе се напнам ептен и уфффф аман више ти си мислиш се си средил готово е и оп нови проблеми НЕМА КРАЈ!
Понеделнички убаво и опуштено. Се разбудив кога сакав, без обврски денес. Цел ден нозете во вис, кафенце, сокче, ручече ...
Убаво е кога се чувствуваш исполнето, баш како пред неколку саати. И ко за малер се нешто ќе излезе... Јака сум бе, не се предавам. Се чувствувам уплашено, исполнето, загрижено, среќно..Излив на чувства и емоции..