одамна не сум се чувствувала исполнето,а баш би сакала да имам некоја причина повторно да ме врати во живот.
Благословена, што имам здрави, прави и умни луѓе околу себе! Иако сум ноќна смена на работа, ништо не може да ми го помати расположението. Крем банани, смеење со даде, мама правеше колач со цимет, тате дојде од работа и донесе куп букети ружи, за сите три дами дома по еден! Среќна сум. И имам зошто.
Sod’s law, Murphy's law, Kronos law... my jaw ! Чекам јас. Јап! Перверзно е мислам да помислиш дека некому му туриваш... в глава, а апла те гледа, апла те покажува со прст. И ајде да е една особа, разбирам. Можеш и да се вадиш на тоа, како таа не е баш адекватна, психо-физички расположај на сили у телото и умот и е надвор од нормата. Али, али..карикатура невидена. Скица! Ок е ако не те заприметиле. Ќе поминеш, ќе изм’кнеш задница... ама, ова е изван сите граници,сите космички и кармички сили и ветришта на вселената. Знам само дека некому не му дале тоа што му треба... а има потреба. Очајно многу. И не ми е јасно, како тоа можеле да си дозволат да не му дадат, да не го прашаат... а ти, момче, што ми ти сака душичката?! Не оти ми е битно за него, битно ми е за сите околу него што треба да му го трпат недостатокот. Тоа константо жалење, самосожалување.. а каде бре, со кој ум. Кому? Кој? Ама, тоа е. Колективно страдање, пердашење. А, оти таа поврзаност, туркање на водата у насоки у кои и неа богами не и движи?! Жими се! Уште неколку педи има до булзај-от! - груба проценка. Од една страна мислам дека пред тоа поарно ми беше, помирно. Од друга страна сега ми е поарно да сфатам људито што не ми се уклапаа у системот. Оти, едно е да ги разберам и прифатам ко такви, да ги сместам у тој надграден, дограден, преграден систем...ама друго е ако треба тој истиот да ми го чува утре грбот... без оглед дали насабајле штом отворам очи од спиење или онака.. ради изванредни околности. Као, олуја.. некаква што ти знам. Дефанзива, ради офанзива..ово-оно. ...and the devil is mine... не мора ни да објаснувам, оти тоа се осеќа. Ептем. Џаба фаца, џаба све. Коза у жабевска кожа и се труди најс доги семенки да порасне... И, ако јас можам, оти друг да не?! Ете, и ignorance у уста го ставам.. и го џвакам...и ок ми е.. и го прифаќам. Самоиницијативно. Нема цмили-мили, оти вака,не онака! Од мене за мене, в моја кашта сум си. Страшни сме си луѓето. Најсериозно. Ништо не пере ова нашево. ...Ко што вика татко ми за јарево... - нешто многу бледо жутеникаво ми се чини у фаца. Види го! Не е некако ко што треба! И мене влакново многу бледуликаво-жутуљикаво-муталаво ми е. Не ми се погоди денеска. Можда многу се ќиснев под вода, па и дождој... Нештичко не ми е.знаеш?! Ќе си дремнам инаку. Многу неубаво за душата некако денеска..вечерва само уствари. Ама е,не може секоја секунда па да ти е песна, мерак да ја испееш.Нели?! Инаку се останато си беше супер. Така.
Па фино да речеме. Бегам само од масата за ручек кога се зборува на долго и широко за сметки и кредити и банки. Не можам да слушам бројки, пресметки, калкулации и да дозволувам истите да ми ги зачинуваат и забиберуваат компирите и мевцето и салатата. Не, благодарам. И после кога од дома ќе кажат онака горчливо на некои рандом гости - Еееее, М не ручала со нас на маса веќе години... Е ај да ручаме ако не. По можност со селотејп на устите. Ефикасно и за диетата и за муабетот. Доброто е што несреќата ми минува за кратко време. Рекордер. Јас сум ти како јо-јо, за се' во животот, де сум горе, де сум долу , повеќе преферирам горе, иако животот и некои ти таму сексуални позиции ме џиткаат некогаш на дното. Не можам да сум тажна и депресивна подолго време, не ми оди уз карактер, т.е. не ме отвара у струк, што би рекла баба. Да се радува ли човек на ваквата особина бре луѓенца? Дали е знак на силен карактер или на лабилен? Или уште полошо - на мрднат, шантрав, да на речам - шлакнат во паметот? Веќе реков. Да бе, шлакната сум и сега што? Кој денес ќе се осуди да ми каже дека не сум нормална? Што и кој денес е - нормален?
Како да ме прегазил воз. Ужасно наместо да бидам среќна затоа што за 3 дена се мажам јас сум тажна, времево ме убива во поим, цел ден плачам и незнам што да правам. Треба да добијам се чуствувам подуена и отечена како балон спремен секој момент да експлодира но моето нервозно и раздразнето тело не му дозволува да пукне, затоа ќе пукнам јас. Неможам повеќе навистина сакам да сум среќна