Мрзливо... се излежувам, со милото до мене... нели недела е ден за одмор?! Се шетавме утрово, да ја ѕирнам дивата, недопрена природа зад мојот иден дом... додуша, не е недопрена, ама запуштена е... и си мислев да се најде некој да го среди местото, топ ќе биде - па не ми треба после кафе да пијам на кеј, ќе си одиме на пикник со либето... ќебенцето, кошничката и само зеленило и сино небо околу нас... ех, мераци... Дефинитивно пролет е
Променливо расположение 300 на сат! Прво (иако рано станав) ми беше супер. Ама како шо заспиваше денов и расположениево ми заспиваше. :?
Никако... чувствувам некоја грижа на совест која не ми дава ни за миг да ја пуштам искрената насмевка на моето лице...
А бе се изнагледав слики од свадби...па сега криза за фустан невестински ме фатила Какво е тоа чувство? А всушност вака како смајлево, убаво ми е, се смеам цел ден, само уште времево да не беше вакво ќе немаше посреќна од мене. Ама и тоа е ок, на прозорец си ги следам капките
Со главоболка од непозната причина, и еден тон правен материјал за учење од доста добро позната причина. Ама хепи за новите смајлиња
Па супер се чувствувам.Малку тажно зошто е почеток на нова недела и тн со сите тие обврски, но сепак е супер...