Сдк утрото во 5 часот се разбудив. Целата препотена и потресена. Рипнав од креветот. Ми требаше 10 минути да се стабилизирам и да си речам па чекај ова беше само сон. И пак не ми е за верување. Да, сакам да сонувам. Но сакам да сонувам убави работи. Кога ќе се разбудам да не биде 5 часот ниту да бидам потресена дали стварно се случило тоа. А ова ко за инает ми донесе не еден туку два кошмари во еден сон. Помина, и се надевам дека барем остатокот од денот нема да ми биде таков.
последен деннн од оваа неделаа ајде конечно малце слобода. прекрасно чувство кое ме опива..поет станав.
Празноо... Осамена разочарана... надеж имам дека до крајот на денот ке има убави нешта ЖЕНСКИ ИМАЈТЕ УБАВ ДЕН!!!
Петочно преточно, протечено... ко протечен бољер. Одам да си земам чадорот и да фатам дождој убај дур се Најубави дождој биле овие. Мислам..молим-ти-се. Ни ја не им верував, ама е ме фатија на кондиција и ги засакав Увек e така кај козата Него Док ...пак си играме криенка. Има нешто у играва цц остај ти.
Ме пука главоболка и Љубов! Сериозно, улаво е ова. Работа еден тон, малку храна, многу позитивни новости, будење со него и заспивање со неговите меки пижамки и цааап - еден повик сега - Кој број ти се стапалцата? Ја ваква - 37ипол? И ми купил чевлички! За мојот успех
Празно пред се. Менувам расположение како времево Сонце и облаци ... Се на се не ми оди, колку и да се трудам да се чувствувам целосно исполнето и позитивно.
Денес и покрај сите глупости што ми се случија,на крај додека бевме на прошетка низ град со мажот ми се сретнавме со една моја муштерика која почна да ме гушка и да ми заблагодарува што сум и дала утеха и подршка за нејзината болна ќеркичка,ми го послушала советот и навистина успеала ми беше многу мило,а тоа малецкото девојченце толку убаво ме прегрна што се стопив.Имав во тој миг толку убаво чуство,што уште ме држи :wink:
Глупаво, настината сум, затната и цело тело ме боли А како капак на се беше „понудата“ за работа... Што мислат луѓево, дека можеме да работиме без пари??? Не ми е јасно од каде толкава слобода... Нудиш работно место, а плата не даваш Уште па и цело лето пробно Епа мало сутра сестро