I don't feel good Ко да немам сила,енергија,ко нешто да ми фали,ко...незнам...А ќе мора да се стегнам сега убаво и да се потрудам,уште јуни! Несмеам да зафркнам,а Spoiler I feel like a piece of .... today Изгледа и со Фемина доста треба да намалам,барем сега до кај 15ти,не оди вака иначе...Учебников ме чека пак,а како ми се пие едно кафе тоа чудо...мајка ми ме зафркна вика не пиј толку касно,а сега ќе си читав уште... Уствари,знам шо ми фали... ајде веќе,доста е вака,сакам да сум покрај него! И сега да ми помини малце,па да си продолжам со читањето.Чао засега... Ех,да,оваа е една од оние ноќи VVV
Кафенцето до мене, од прозоров сонце, зад мене едно цвеќенце што и го донесов на една колешка (после ќе и го дадам ), газдава со смешки од сабајле (лошо е кога ќе почнеш на работа да се осеќаш како дома) и се ќе беше супер, да си бев утре дома. Ненаспана сум, ама убаво ми е. А незнам зошто толку ми е убаво во последно време, ама сепак ми е убаво (сакам кажам, незнам речам).
Да не ме мрзеше олку многу, ќе почнев со фенер да си го барам ентузијазмот. И најновиов факт што ми се распупи ко булка пред очи, не ме мотивира едноставно. Генералната ситуација е, ме дразни, ме прочешува и само тоа ми прави. Све таја му е...ми е де! И толку е. Акција-реакција зироу. Се’ што сакав -можам да имам! Арно амаааа... ме мрзи да го имам, пошто озбилно ме мрзи за од сега па за понатаму. Напор, бре! Мука ми е. ..Јупи у депресија е потонат периодов Не го гибај, кутрото Убичу се ако миров не ме напушти. Пошто ваков ко што е, е мртвило. Абеее, буквален покој на душа. А, дал знаеш дека у ПМС телово мое максимално се труди да покаже колку само оно е способно да се издуе?! Ееее Абе, душичуле! Да го стиснеш за вратчето те мами... да не беше мое само
Вознемирено поради мојот љубен , исплашено и несигурно поради испитите што допрва треба да ги полагам ,толку сум несигурна што си мислам ќе го утнам датумот за полагање по стопати гледам во распоредот .Не се чувствувам добро дури имам и вртоглавица .
Од 14:53 сум нааааааааааааааааааајсреќна! Конечно почнав да правам нешто во животот што стварно ме прави среќна. Иако е забрането на некој начин, сепак забранетото овошје е најслатко!
Катастрофално лошо! За еден миг ми ги уништија и плановите и сништата и се! А кој тоа? Демек оние кои ми го мислат најдоброто! Родителите! Да се плукнам во животот мизерен! Се заради вас, секогаш сте главниот проблем. Одете обесете се!
Досадно, Досадно, Досадно, Досадно, Досадно, Досадно, Досадно, Досадно, Досадно, Досадно, Досадно, Досадно, Досадно, Досадно, Досадно, Досадно, Досадно, Досадно, Досадно, Досадно, Досадно, Досадно, Досадно, Досадно, Досадно, Досадно, Досадно, Досадно, Досадно, Досадно, Досадно, Досадно, Досадно, Досадно, Досадно, Досадно, Досадно, Досадно, Досадно, Досадно, Досадно, Досадно, Досадно, Досадно, Д О С А Д Н О
Баш исцрпено. Чекам да дојдат да ми направат пилешка супа. А не знаат дека јас си имам тука пилешка супа, за душа. Музиката. 38.5 па и не е лошо а? Се надевам нема да стигнам до 39. И покрај сета треска и малаксаност, стуткана под ќебе изгасив светло, упалив неколку свеќи и си пуштив Urban grooves на Сити радио. Ако некоја листа почитувам премногу, тоа е баш оваа. И ме погодија во срж. Со затворени очи ме натераа да помислам, дека се е во ред и дека ништо не ми е. Ми го пуштија Паров Стелар, човече кое ме инспирира до истругани пети и назад. Како се чуствувам? Сега, како да лебдам, а се надевам не бладам. Јас се извинувам, можеби некој ќе поти мише на Цеца, некој ќе дига нога на маса. Некој ужива да купува ситнурии по пазари, некој да чита. Некој со сласт да гризе домати, а некој сака лути пиперчиња. Секој има некоја своја омилена активност. Мојот живот е музиката. И ја ставам на прво место од работи без кои дефинитивно не би постоела на истиов начин. Џез труби. Хип хоп бит. Скреч. Семплирани ѕвонливи гласови. Ма урбана е музикава на Паров и крај! Те тера да мислиш дека имаш крилја и крај! Те тера да се осеќаш убаво, и крај! Се замислив во зачаден Излет, под оние нивни црвени светла, под кошниците на дрвјата во она нивно совршено бавчиче, тук таму слушаш некоја џева, и не ти е гајле, пошто си ја сркаш пијачката и си уживаш во нешто вакво. Како се чуствувам? Одеднаш сум најголемиот мечталец и Болен Дојчин во едно. Постои овој збор? Мечталец? Мечтаам. Секогаш. И кога некогаш на мојот живот би требало да му доделам саундтрак,тогаш музиката би била од овој жанр. Боемски - хедонистички - нирвана - таква која те тера да гризеш усни, да зафрлиш коса, да поминеш со ноктето по работ на чашата, да шепнеш два три збора, длабоко да погледнеш како во најружното клише на некој филм, да се насмевнеш, да зафрлиш марамата, и со голем чекор да го освојуваш градот. Ма што ќе зборам како се чуствувам, ќе го оставам Паров да каже. А кој нема да сфати, едноставно, не ја разбира музиката. И не! Не е прашање на вкус. http://www.youtube.com/watch?v=7kqYwBQgdOY
Проблемов со ПМС-от ипак не е тоа, колку телово е способно да се издуе- само по себе, него, колкави се моите можности да внесам нешто низ устава за да пополнам делчињата што мислам не се издуле доволно Смрт денов.. ама убава смрт Се убив од смеење Гладно некако се осеќам инаку ццц Убиј го аждеров Док, молим те да не го убијам јас, оти грев е
Како ми тргна денот си реков и денес ли ке се досадувам ама не си излегов малце низ град убаво си се прошетав со другарката и сега ми е одличнооо. конечно нормален ден
Денес ми е еден од оние денови кога постојано нешто ми паѓа од раце, се сопнувам, кршам, ми излетува нешто од уста што ама ич не треба во моментот...нервозен ден, кога не ми се прави ништо, се' ме нервира, се' ми е глупаво, досадно, убивам со поглед без никаква причина...го испразнив пола фрижидер до сега...Идеален ден да сум некаде далеку со цигара и алкохол во раце и да си зборувам сама со себе, да пцујам ко кочијаш... Да, да, пмс... Едит-па и гости ми се најавија...како да им кажам луѓе бегајте, run for your lives...
Како временцево и јас, ме мава депресија, времето брзо ми поминува, односно лета... Ме навасуваат мисли што летово, каде да одам, со кого, кога. На крај се ми се чини ќе испадне никаде и со никого. Па сакав да направам нешто многу битно за мене, а после се свестив дека уствари не знам каде да одам, дека ќе испаднат еден милион проблеми и разбаталив со тоа. Викаат дека човек треба да биде внатрешно задоволен и исполнет, па после надворешно. Се забележувам дека во последно време сум налицкана однадвор, како сликичка, а внатре празна и ако ми викне некој во главава, мислам дека ехо ќе се чуе. Тоа е тоа, морам да најдам нешто што ме исполнува. А во градов само Вардар се исполнува и наполнува, и тоа со го*на, луѓево се повеќе и повеќе празнеат. Само Акузативот и Дативот ми се причина за радост денеска. Јеје.