Одлично, прекасно. Станав нерасположена, се испокарав со цела куќа и излегов. Кафенце, ладен чај, сладолед, цигара, во убаво друштво, смеење, прошетка. Мх, мх мх... Но нормално тука е времево да заврни и да ти го намали коефициентот на расположение
За никаде Всушност убав ми беше денов, ама сега ич не ми е убаво, онака, без причина ми иде да си плачам. Се ми смета, ништо не ми чини, сакам само да заминам некаде далеку.
oодвратно, јас ли сум ова што ми се случува, како можев само,и додека го пишувам ова ме стегаат градиве ми се плаче ми се вришти
Се случија многу срања, тешки срања, се кажаа многу зборови кои не требаа! Сега може не е свесен колку ме навреди со тоа, но ќе биде кога нема да ме слушне, или па кога ќе ме слушне, уште полошо! Нема ништо поболно од пуста рамнодушност и ладнокрвност, молчејќи ползејќи до целта, а една црна цел, да си ја затни таа погана МУЦКА која не смее да си дозволи такви срања да испушти! Јас би сакала само да можев да заспијам, и да спијам, животот ме тепа од сите страни, не ми е лесно, не сум добро, сакам мир, очајно молам по мир, зошто бегаш од мене?!!!!
Како полека да ги согледувам нештата во ново светло, онака како Равик во Триумфална, кога гладиолите му личеле како да се со боја на бајата крв од далечина и поради сенката, а кога се приближил видел дека се потполно свежи... Јас сум повторно со сејм‘ол‘шит чувството дека сум Вулканец најголемиот дел од времето *си ги проверува повторно врвовите на ушите*... Изгледа само мене не ми се толку високо на листата приоритети тие проклети хартивчиња, посакувам да победат налудничавите анархисти во моментов и да создадат насекаде од оние нивни комуни, како таа во Данска на пр. Посакувам светски финансиски крах и да се спроведе идејата на Платон, посакувам свет во чиј епицентар не се нивното височество - парите, кои знам дека обезбедуваат доста ДОБРА, но исто така се и ЛОШИ и одземаат неповратно премногу... И јас сум премногу неамбициозна со овој став, јас сум утопист и забегана што кога баба ми ми плачеше неутешно на над 80 год. по дедо ми, велејќи ми како сите цел живот им завидувале на бракот, па што ќе прави сега таа без него, а јас се сеќавам дека во нивните подвикнувања никогаш, ама никогаш немало ни мало навестување на навредлив збор... за мене тоа е идаел, поголем и позначаен од сите натрупани земни богатства... Си оделе 2 чачкалици по пат и налетале на лижавчето и му рекле - - Кај си бе глауч? *јас сум лижавчето во приказнава, глаучот кој е различен и кога си различен си виновен, џабе ти сите презумпции на невиност...
Изморено. Со отечени нозе во нов поход. Лоша идеја пред се'. Денов сончев и топол, јсп и приватњаци не пуштаат клима во 22-ка, се чувствував прееска како испотена свиња пред парење. Да се немало усул. Во 22-ка приватна можеш комотно да си припаднеш и да ти се слоши. Мене мислите ми се на милион страни. Крај на година, а мене ме очекуваат уште многу обврски. Верувајте, не сакате да бидете на мое место неделава што следи. Лоши мисли ми се мотаат, чат-пат и по некоја оптимистичка чисто да се разбие монотонија. И што, кога и така - и така не иде. Се стагнира се'. Нејасни мисли, нејасен ден, нејасна јас. Бидете ми поздравени и не искачајте надвор.
Изморено, исцрпено, без енергија. Сега треба да седнам да учам, ама не се поместувам од компјутеров. Стока!