Денес сум изгубена во времето... Утрово се разбудив околу 5ипол, мислејќи дека е веќе попладне и чудејќи се како сум можела толку да се успијам. Мртва озбилна си станав, си го наместив креветот, за на крајот да сфатам дека тоа надвор е изгрејсонцето, а не зајдисонцето. И дека сите уште спијат. Периодов имам многу чудни соништа, веќе не можам ни значењето да им го најдам. Елвис Присли ме гонеше синоќа, ми правеше вечера додека ми изјавуваше љубов и ме бараше за жена. Господи...
Нервозна сум-никогаш ништо не оди по моите планови.Ако пропадне вештачкиот роденден, ќе се откажам од половина од луѓето што ги познавам
Спокојно... си седнам по гаќи на тараса (е не ме гледаат комшиите,без грижи ),пијам кафе и го дишам јуни. Липите не ми одат во прилог,ама ме враќаат на еден смешен ден во јуни,кога ме носеа на стадион на детско збиднување по повод крај на учебната година... Ах леле...мамо мене досадно ми е тука,купи ми кока кола ако сакаш да седам мирна. Па липите од стадион до жабар и жештина,ама си пиев кока кола и јадев сладолед... радост. Му бев серпентин,а тој мене сега ми е пелин по кој лапнувам лажичка мед. Животец,живот,животиште... убаво.
Од една страна исполнето, и штом копнеам по нешто и едвај чекам да дојде - за мене е убав ден. А од друга страна поминувам низ нешто што не сум поминала досега, и можам само да се надевам дека утре ќе е подобро. Со се што можам ќе си помогнам.